Германската железница, Deutsche Bahn, неодамна издаде прирачник со 2,200 германски изрази кои нејзините вработени треба да ги користат наместо англицизмите, кои се веќе длабоко вкоренети во секојдневниот говор. Понекогаш зборовите кои се користат се чудни мешавини, па така „флаер", наместо Handzetteln сè почесто се нарекува Flyern, што само звучи германски заради наставката. „Речникот на англицизми им е поделен на вработените за да удрат кочница на сè позачестената употреба на англискиот и псевдо-англискиот во комуникација со муштериите", изјавил портпаролот на компанијата.
Секако, ваквата ситуација не е карактеристична само за оваа фирма. Германците генерално почнуваат да користат голем број англиски зборови, како outsourcing, lifestyle, download, lobbyst, terminal, brainstorming и wellness, кои и нам ни се толку разбирливи што не е потребен превод. Но постојат и лажни англицизми, како handy за мобилен телефон, sprayer за графити уметник или showmaster за водител на ТВ шоу.
Позајмувањето на англиски зборови во германскиот датира уште од времето на сојузничката окупација, кога во јазикот навлегле зборови како џип, рок и квиз. Пред Втората светска војна вакви позајмици најчесто биле преведувани буквално, на пример Wоlkernkratzer за skyscraper (буквално: пробушувач на облаци, или што би се рекло - небодер). Англичаните на оваа појава одговараат со иронична забелешка, дека на инвазијата на германг гледаат со доза на сеир, или што би се рекло на англиски со - Schadenfreude.