Bookbox

Ако го памти ова стар(а) е за тебе: пионерскиот четбот Елиза

Некои од нас се сеќаваат на ова, и да, стари сме. На исто така стариот Комодоре 64 имаше програмче со кое можеше да се прави муабет. Носеше женско име и се обидуваше да ни помогне да решиме некаков проблем, како човек од доверба или психолог. Тоа беа првите први знаци на давање преголем кредибилитет на илузија на интелигенција, која веќе и не е баш илузија.

Заборавете на Вијагра: афродизијаците на Инките и Ацтеките

Од кикирики до халуциногени печурки и ларви од инсекти, да видиме што сè може (а баш и не мора) да ни го поттикне либидото според древната јужноамериканска фармакопеја.

Дали Данте бил фашист?

Неодамнешна изјава на италијанскиот министер за култура, дека Данте бил основач на десничарското движење во оваа земја, ги поттикна дискусиите за политичката афилијација на човекот за кого подземниот пекол беше предупредувачка алегорија за она што се случува на земјата.

Фонетската азбука на Бенџамин Френклин која Американците не ја прифатиле

Донкихотовски проект на еден од основачите на САД, полимат и изумител, предвидувал реформа на азбуката на англискиот јазик која би помогнала да се намалат грешките во спелувањето со кои мака мачат и денешните Американци.

На Валентајн: учиме за љубовта од моногамните прериски глодари

Едно глувче повеќе знае за верност и посветеност отколку повеќето останати цицачи. Паровите прериски глодари формираат нешто што може да се нарече „брачна заедница“, делат живеалиште и заеднички ги растат малите. Колку што знаеме, нема разводи.

Балетски директор суспендиран откако измачкал критичарка со кучешко гомно

Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.

Ослободените затвореници од Гвантанамо отсега ќе можат да си ги носат своите уметнички дела дома

Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.

Ноам Чомски за ЧетГПТ: „Тоа е начин да се одбегне учење“

Славниот лингвист и филозоф, роден 1928, доживеал и коментирал многу нешта во текот на својот долг живот и богатата кариера. Дојде ред да коментира „колеги“ пишувачи во форма на вештачка интелигенција. 

Верниците кои пијат змиски отров за да ја докажат својата вера

Фотографот Роберт ЛеБланк со својот објектив го регистрира животот во мал град во срцето на Апалачите, каде верниците кои припаѓаат на конгрегација наречена Куќа на Исус даваат сè од себе да одржат со векови стар ритуал.

Што е тоа „бакроним“?

Знаеме (или би требало да знаеме) што е акроним - збор или име кое најчесто се состои од почетните букви на зборови во одреден израз, иако тоа можат да бидат и слогови или мешавина на едното и другото (НАСА, УНЕСКО, РАДАР итн.). Но што е бaкроним? 

Нова друштвена игра која поттикнува соработка во борбата против климатските промени

Се вика „Дејбрејк“ и ќе биде официјално промовирана оваа пролет. Четири играчи - САД, Кина, Европа и претставникот на „мнозинската“ јужна полутопка - треба да соработуваат за да постигнат нула емисии на стакленички гасови.

Вештачка интелигенција ќе дешифрира 2000 години стара книга за она што се случувало по смртта на Александар Македонски

Кога во 79-тата година од нашата ера еруптирал вулканот Везув, една од неговите жртви станала книга за владетели кои следеле по Александар Македонски. Нејзините јагленосани остатоци сега ќе се обиде да ги декодира програма за машинско учење.

Доделено првото Греми за „најдобра песна за социјална промена“

На неодамна одржаната церемонија за доделување на овогодинешните награди Греми беше доделено признание во нова категорија, која е воведена за да се оддаде чест на автори чија песна извршила длабоко општествено влијание.

Запознајте го Леон Моне, постариот брат на Клод

Нова изложба во Луксембуршкиот музеј во Париз ќе се фокусира на помалку познатиот член на семејството Моне и неговата богата колекција, која ја создал обидувајќи се да им помогне на некогашните „отпадници“ - импресионистите како неговиот брат Клод.

Специјално за Букбокс: репортажа од првата голема изложба посветена на Леонард Коен во Торонто

Нашиот специјален известувач од преку „Големата бара“, бостонско-тетовскиот физичар Илија, претходно ни има правено текстуални лиги од концерт на Дејвид Брн, како и од птичарење низ Јужна Америка (додуша, имаше текст и како го поминал Ковидот, ама за тоа не му љубоморевме). Кога демек лефтерно спомна дека бил на изложба посветена на Леонард Коен во Торонто, се знаеше што следи - репортажа и за тоа искуство.

Родена како машко, растена како женско: германската атлетичарка Дора Ратјен

Учествувал во женскиот тим на летната Олимпијада во Берлин во 1936. Поставил светски рекорд во скок во вис на Европскиот атлетски шампионат од 1938. Неговиот вистински идентитет бил откриен кога кондуктер пријавил во полицијата дека во возот Виена-Келн има „маж облечен како жена“.

Словенката која во 1920-тите сама го пропатувала светот

Целосното име ѝ било Алма Ида Вилибалде Максимилијана Карлин. Зборувала девет јазици, и во време кога тоа воопшто не било вообичаено, одлучила да тргне сама на пат, на кој поминала цели осум години и ги посетила речиси сите континенти. 

Човекот кој спојува семејства со одамна загубени фотографии

Дејвид Гутенмахер ја потврдува тезата дека она што за еден човек е отпад, за друг може да биде богатство. Откако наишол на збирка стари, оштетени фотографии почнал да ги реставрира, но отишол и чекор понатаму - влегол во потрага по нивните сопственици.

Трагикомичното влијание на Бекет врз „Наречниците од Инишерин“

Џојс, Вајлд, Бекет. Неколкумина Ирци, од кои последниот има доста заедничко со еден од најпознатите драматурзи и филмски режисери на денешнината, британско-ирскиот автор Мартин МекДона.

Средниот прст на Галилео

Звучи како сатира или лажна вест. Но еден прст од рака, и тоа среден, навистина се чува како да е на светец, а всушност е на човек за кого црквата сметала дека е еретик.

„Го гледав Денот на мрмотот цела година, секој ден. Еве што научив.“

Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти. 

Дали е навредливо Французите да се нарекуваат...Французите?

Текстот најпрвин малку нè збуни, затоа што на англиски the French ни звучи потполно исто како и било кое друго членувано име на народ (Французите, Британците, Американците). После сфативме дека не било до нас, туку до тоа дека политиките на „безопасниот јазик“ стануваат сè поапсурдни. Плус дека македонскиот има многу поголем потенцијал за „дехуманизирање“ од англискиот. 

„Играј со мене до крајот на љубовта“: танцовата претстава која Коен не ја дочека

Легендарниот музичар дал благослов за претстава која ги содржи неговите најпознати песни, но починал пред воопшто да почнат пробите. Правена од три кореографи, таа ја отсликува контрадикторноста вградена во нив, како во онаа насловната - сладок љубовен валцер, кој е последен. 

Жената што допре до центарот на Земјата

До 1936, научниците верувале дека центарот на Земјата се состои од една голема стопена сфера. Сепак, мерењата на сеизмичките бранови кои ги имале направено различни опсерватории низ светот математички не се совпаѓале. Тогаш една жена-сеизмолог и математичар навлегла во јадрото на проблемот.