Летната Олимпијада во Токио беше официјално одложена во 2020 поради пандемијата. Меѓународниот олимписки комитет и тогашниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, се согласија дека ќе го поместат датумот на 2021, откако Канада, Австралија и други земји соопштија дека нема да испратат претставници. Настанот - се уште познат како Олимпијада 2020 - на крај се случи во јули и август 2021.
Одложувањето или откажувањето на летните или зимските Олимписки игри е екстремно ретка појава. Од 1896, кога започнала модерната Олимпијада, тоа се има случено само шест пати и најчесто поради војна:
1916, летна Олимпијада
Берлин, Германија
Откажана поради Првата светска војна
1940, зимска Олимпијада
Гармиш-Партенкирхен, Германија
Откажана поради Втората светска војна
1940, летна Олимпијада
Токио, Јапонија, потоа Хелсинки, Финска
Одложена, потоа откажана поради Втората светска војна
1944, зимска Олимпијада
Кортина д'Ампрецо, Италија
Откажана поради Втора светска војна
1944, летна Олимпијада
Лондон, Британија
Откажана поради Втора светска војна
2020, летна Олимпијада
Токио, Јапонија
Одложена за 2021, поради пандемијата
Всушност, пандемијата го означи првиот пат кога Олимпијадата била барем привремено одложена за каква и да е друга причина освен војна.
Eден од горенаведените примери всушност се должи не на една, туку на две војни. Имено, Олимпијадата во 1940 првично требало да се одржи во Токио, но со избувнувањето на втората Кинеско-јапонска војна, домаќинот сам се откажал. Меѓународниот олимписки комитет ги доделил игрите на Хелсинки, кој бил втор кога се гласало за град-домаќин. Но и Финците немале среќа, бидејќи по избувнувањето на Втората светска војна во септември 1939 и тие морале да откажат, и покрај тоа што биле во завршна фаза на подготовките. Имено, градењето на Олимпискиот стадион во Хелсинки започнало уште во 1934, а било завршено во 1938, а биле дури и отпечатени промотивни материјали (како марамчињата на фотографијата горе).