Bookbox

На точак за библиотеки

Сycling for libraries (C4L) е меѓународна неформална група која обединува велосипедисти, професионални библиотекари и љубители на библиотеки. За да укажат на важноста на овие институции за развојот на општеството, тие од вчера ги јавнаа точаците, и тргнаа на пат долг 400 километри.

Фонетската азбука на Френклин

Бенџамин Френклин бил многу работи. Политичар, научник, пронаоѓач, писател. Она што е помалку познато е дека тој на Американците им понудил ревидирана азбука - нов јазик, за новата нација - која никогаш не била прифатена.

Оружје за масовна креација

Манфред Збрзезни, германско-италијански ковач кој живее во Либерија, и неговиот тим вешти занаетчии, со години собираат остатоци од оружје од долгата граѓанска војна во оваа земја. И го претвораат во скулптури.

Актерот со прекрасен зол лик

Во интервју за Гардијан, славниот актер зборува за детството, зошто сака да работи со силни режисери, и дали навистина го има најголемиот пенис во Холивуд.

„Често поставувани прашања“ како жанр

Во интересен мета-текст објавен во новиот Њујоркер, преку одговори на често поставувани прашања, се прави обид да се дефинира - што се побогу тоа „често поставувани прашања"?

Oва е вода!

Антологиски говор кој вреди да се прочита затоа што е моќен, како горчлива, но нужно потребна вистина. 

ОВОЈ НАСЛОВ Е НАПИШАН СО МАЛИ БУКВИ

Во пресрет на 28. јуни, меѓународниот ден на CAPS LOCK, следнава информација: неодамна Американската морнарица издаде директива со парадоксална содржина: "ОД ДЕНЕС Е ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБАТА И НА МАЛИ БУКВИ ВО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПОРАКИ". 

До идните генерации

An die Nachgeborenen е песна на Брехт од 1939, периодот на неговиот егзил во Данска. Прекрасно балансирајќи меѓу сентименталноста и одлучноста да се влезе во битка со неправдата, таа денес - замислената иднина за која зборува песната - сепак звучи како ништо да не се променило.

Мистеријата околу „Селинџер"

Џ. Д. Селинџер, авторот на „Ловец во р'жта", бил мистерија самиот по себе. Бегал од слава, се криел од фотографи и не давал интервјуа, а најверојатно напишал и повеќе отколку што е официјално познато. Еден нов документарец се обидува да го расветли неговиот живот, но по пат како и тој да заглавува во митот.

Кога продажбата на книги цвета заради вестите

По скандалот со собирањето податоци од страна на Националната агенција за безбедност на САД, продажбата на Орвеловата „1984" пораснала за неверојатни 10,000%. Кои се други примери на книги кои доживеале неочекувана популарност заради некаква вест во медиумите?

Зошто има толку малку кинески зборови во англискиот?

Процесот на јазично позајмување е често пати непредвидлив и тешко подложен на некаква логика. Една од таквите загатки е зошто во англискиот, во кој си нашле место зборови од други земји на Далечниот исток, нема многу кинески зборови?

Грчкиот страв од именување

Чепкајќи ги новостите околу затворањето на државната грчка телевизија ЕРТ, во Екатимерини налетавме на есеј на извесен Пантелис Букалас, кој нè привлече со насловот. „Значењето на името", и покрај очекувањата, сепак не се однесува на Македонија. Од друга страна, можеби баш на неа и се однесува.

Што би рекле Кафка и Орвел?

Коментирајќи ги најновите контроверзи околу владиното следење на интернет, Обама изјави: „Теориски може да се жалите во врска со Големиот брат и дека ова е потенцијално агресивна програма, но ако ги погледнете деталите, тогаш мислам дека го имаме вистинскиот баланс". 

Блуз туризам

Што ако си најотепаниот регион, во најсиромашната држава во САД, кој единствено може да се пофали со својата тажна, но убава музика? Нормално, правиш сè ова духовно наследство да стане атракција, и без да закотвиш античка галија во Делтата, само реновирајќи старо складиште, да им го понудиш на благодарните туристи.

Мапирање на градските мириси

Во 2011, Кејт МекЛин, дизајнер и картограф, како тогашна студентка по уметност, почнала да се занимава со сетилните аспекти на урбаното доживување. Прв проект ѝ бил „сензорната" мапа на градот во кој студирала, Единбург. Следеле мирисни мапи на уште пет градови, меѓу кои Њујорк, Амстердам и Париз.

Суровиот говор на Брн

Сте поминале неколку години напорно работејќи на вашата идна уметничка кариера, доаѓа денот кога конечно дипломирате на престижен универзитет од оваа област, и очекувате дека некој силно ќе ви ја стисне раката и ќе ви честита на постигнатиот успех. Наместо тоа Дејвид Брн ви мава шамар.

Сирената од милион долари

Девојката заради која и кај нас „Бал на вода" се гледал и по десетина пати (живописно доловено во серијалот „Уа шнајдери!") пред неколку дена почина во длабока старост. Пред нешто повеќе од една година таа одговараше на познатиот прашалник на Венити Фер. Со бистар ум и на деведесет години, Eстер Вилијамс до крајот била опседната со пливањето и базените. А богами не била ни баш скромна.

Срамот од тоа да читаш книги до пола

Има разни типови читатели на книги, и претходно сме пишувале за некои од нив, на пример за оние „сериски моногамните" кои истовремено читаат неколку книги. Но има еден особен тип, читатели „до пола". 

Бекет и Андре Џинот

Андре Рене Русимов или „Нежниот џин" како што уште го нарекувале, се родил во Гренобл, Франција. Уште во детството се покажало дека тој не е како останатите - страдал од акромегалија или гигантизам, хормонално нарушување кое резултира со прекумерен раст.

Што е тоа „дркаџија“?

Не, тука не се работи за анализа на нечии сексуални навики, туку за „проклетства од луѓе кои само одат и серат“. Откако го прочитавме текстов по малку се вознемиривме од бројот на таквите кои ги познаваме. Од друга страна, некако нè утеши тоа што тој тврди дека дури и за нив има надеж.

„Војни на ѕвездите“ на навахо

На 3. јули на територијата на народот Навахо во Аризона, полу-автономна област на домородните Американци во рамките на САД, ќе биде промовиран нов превод на класикот од 1977. 

Субкултурата на брадестите

Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.

Итало Калвино за абортусот и смислата на животот

Некако е логично дека најзагрижени околу стегањето на обрачот кога се во прашање репродуктивните права би биле жените. Но во текот на историјата на борбата за женските права ним им се придружиле и некои мажи. И тоа не само заради меѓуродова солидарност, туку како дел од нивниот светоглед.

Maла бесплатна библиотека

Неколку пати сме објавувале вести за отварање на неформални библиотечни пунктови низ градови во светот, пропагирајќи нешто слично да се случи и кај нас, па макар и на ниво на експеримент. Едни читателки најавија, и се надеваме ќе истраат во намерата. Не дека им вршиме притисок (чувај боже), ама еве уште еден пример, од Њујорк.