Bookbox

Балетот „Зорба" во ХНК

Има така моменти кога сте некаде во странство кои ги толкувате како голем неонски знак надвиснат над градот, кој ви вели „Добредојде". Иако Сплит можеби и не е некое „странство", а прошекот и априлското сонце се сосема доволни за да се чувствувате пријатно и без некои посебни симболики. 

Како да (не) пиеш

Писателите се познати „љубители на добрата чашка", но некои од нив точно знаат како треба да се прави оваа работа за ем да уживаш, ем да не испаднеш сељак. Еве некои од нивните совети. "Don't drink and write" сепак не е најчестиот.

Стојам и се гледам како постојам

Поетот Дарко Рундек и неговите стихови со вкус на солена кожа и стопен сладолед, наместо разгледница од некогашното „наше“ море.

Како добив десетка од Набоков

Едвард Епштајн, американски новинар и поранешен професор по политички науки, сосема несвесен за значењето на неговиот потег за идната книжевна историја, како бруцош на Корнел го одбрал предметот „Европска литература на 19. век". Во таа 1954 него го предавал никој друг туку - Набоков.

Ник Кејв е крив!

За романот „Смртта на Бани Манро" пишувавме пред неколку години кога тој уште беше тазе. Но последиците по читателите од него не стивнуваат. Еве една девојка која има голема мака од тоа што го чита и слуша Кејв. Но тука е литеротерапевтот за да ѝ помогне.

Хаику вести

Њујорк тајмс објави дека започнува нов проект - сајт на кој вестите на денот ќе бидат во форма на хаикуа. Иако информацијата излезе на 1. април, изгледа дека работата е сериозна.

Портрети на мечтатели

Во некој друг ден овие фотографии можеби би ги прескокнале како патетични или популистички, или тешко би се воздржале од иронизирање. Но денес ниту една тивка насмевка на шарена позадина нема да ја толкуваме така.

Лингвистички етно-свир

Свиркачките јазици се ретка форма на комуникација која ја има онаму каде луѓето се премногу оддалечени едни од други за да можат разговетно да си довикнат „комшијааа, ајде на пиво!". Второ најдобро решение во отсуство на мобилен и чет е - истото да си го свирнат.

Библиотечна клетва

Во книгата која во 2012 доби Пулицер, „Скршнување: како светот стана модерен" (Swerve: How the World Became Modern), Стивен Гринблат ја истражува важноста на книгите за овој потфат, и тоа пред откритието на печатарската преса.

Шармантните лаги на Минхаузен

Официјалниот ден на лагата, шегата, подбивот и ставањето маски, кој оваа година случајно се поклопува со изборите, во литературата прв пат се спомнува во „Кентерберијските приказни" на Чосер од 14. век. Но кога е во прашање лажењето, на еден книжевен лик му нема конкуренција. Да, на Минхаузен.

Прво нецензурирано издание на песните на Д. Х. Лоренс

„Љубовникот на лејди Четерли" не е единственото дело на овој автор кое доживеало цензура долга повеќе од три децении. На 30 април ќе излезе збирка од 31 до сега необјавени песни, и тоа во ново двотомно, критичко издание, под наслов „Сите ние".

Амазон го купи „Гудридс"

Сајт за споделување, дискутирање и препорaчување книги со речиси 20 милиони посети месечно не можеше да остане незабележан од големите играчи во сферата на издавањето и продажбата на овој производ. За добро или за лошо, ќе видиме.

Том Стопард пишува радио драма за Пинк Флојд

„Темната страна на месечината" од 1973 помина 741 недела на топ-листите и стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња. Сега славниот драматург го одбележува неговиот јубилеј.

Сите д’ткања на Вуди Ален

На секој од нас му се има случено да му се сплетка јазикот, да се збуни, или да мора демек да се накашла за да добие во време дур смисли што да каже. Како утеха за сите тие моменти кога ни било глупо - Вуди Ален тоа го прави ама постојано.

Врската помеѓу новинарството и поезијата

Дикенс, Хемингвеј, Марк Твен - во историјата на книжевноста чест е случајот славни писатели да живееле од новинарство. Но врската помеѓу новинарството и пишувањето поезија е поспецифична. Еве зошто.

Претстава која трае цел ден

На меѓународниот ден на штиците што живот значат, ви поставуваме едно хипотетичко прашање - дали би издржале претстава од 24 часа?

 

Во потрага по загубената храна

Личните сведоштва одамна се препознаени како значаен алтернативен извор на традиционалната историја. Притоа не е интересен само методот, туку и темите. На пример лични сведоштва за храната во Њујорк во раниот 20-ти век.

Кога филозофијата е „ин“

Оваа недела стотина филозофи ќе пристигнат во Сан Франциско на 87-миот годишен собир на Американското филозофско здружение. Но новинарите нема да го покриваат симпозиумот за епистемологија на модалноста, или оној за семантиката на пежоративите. Јасно е: филозофијата не е вест. Но една нејзина поддисциплина полека станува тоа.

Неснимениот филм на Кјубрик за џезот во Третиот рајх

За џезот за време на Втората светска војна, и начините на кои успеал да преживее, веќе пишувавме. За истава тема се интересирал и Кјубрик, кој сакал да сними филм за еден офицер на Луфтвафе, љубител на свинг, кој пишувал за музичките сцени во окупираните градови под псевдонимот д-р Џез.

„Преџвакан" Коелјо

Можеби затоа што му завидуваат, а најверојатно затоа што навистина знае да биде лигав, Коелјо им е омилена тема за подбишега на книжевните рубрики. Џон Крејс од Гардијан ја раскажува неговата нова книга, „Ракописот пронајден во Акра" со малку, ама одбрани зборови.

„Лебдечки светови" - изложба посветена на облаците во уметноста

До Виена стигнавме низ облаците. Син ми, прв пат во авион, возбудено ги гледаше, споредувајќи ги со шеќерна волна или пена за коса. Тие нè следеа цела недела, а првиот момент кога попуштија и низ нив ѕирна сонцето беше - кога отидовме да ги видиме на изложба!

Дали гледањето спорт е „виновно задоволство"?

Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето.

Латинскиот не е мртов!

Кога светските телевизиски станици го пренесуваа изборот и инаугурацијата на новиот папа, главни фраер(к)и беа оние кои знаат латински. Освен во вакви моменти, овој јазик се води како „мртов", како некорисен и неупотреблив. Но дали е навистина така?

Смешни библиотечни видеа

Библиотеките се инспиративни „топоси" за иронизирање, пародизирање и лоцирање на дејства во филмови и реклами. Еве неколку такви примери, кои вклучуваат и ретро промотивни видеа за библиотекарската професија, и за една од најголемите библиотеки во светот.