Bookbox

Лајв Ејд ќе стане мјузикл

Еден од најпознатите концерти на сите времиња ќе биде поставен на сцена во Лондон следната година. Секако, без повеќето од оние кои го одбележаа, а чие спомнување би звучело како редење на поп на погреб - Боуви, Меркјури, Џорџ Мајкл...

Зошто Стивен Кинг ги продава авторските права на идни филмаџии за само 1 долар?

Стивен Кинг има напишано повеќе од 60 романи, плус еден куп кратки раскази. Тие со децении им нудат инспирација на бројни сценаристи и режисери. Правата за овие вториве се живо џабе, иако се добиваат со малку строги услови.

Животната приказна на Каталин Карико, овогодинешна добитничка на Нобел за медицина

Денес, 2.10, беа соопштени првите добитници на Нобел во низата која вообичаено се случува во месец октомври, а која почнува со оние за физиологија или медицина. Каталин Карико и Дру Вајсман високото признание го добија за развојот на mRNA вакцините против Ковид. Животната патека на унгарско-американската биохемичарка до овој момент е навистина интересна. 

Јапонските конкубини на лицето ставале измет од славејче (а изгледа треба и ние)

Угуису е вид птица која има силна симболика во јапонскиот фолклор. Но освен митолошко, таа има и многу практично значење - од нејзините „брбушки“ се правел, а и сè уште се прави, одлична маска за лице, која ја користеле гејшите за белење на лицето и генерално разубавување. Денес истото наводно го прават и некои славни личности.

„Круговите на Берлин“: кога југословенските олимпијци одбиле да го поздрават Хитлер

Годината е 1936, а Олимпијските игри се одржуваат во Берлин. Канцелар на Германија е Адолф Хитлер и него спортистите во дефилето го поздравуваат со тн. „олимписки поздрав“, кој неодоливо потсетува на оној фашистичкиот со кренатата рака. Но не и оние кои дошле од Кралството Југославија.

Подревна од „боросана“: најстарата обувка во Европа пронајдена во пештера во Шпанија

Археолозите велат дека ја идентификувале најстарата обувка во Европа која потекнува од неолитот, односно од пред 6000 години. Станува збор за сандали исплетени од слама, кои кога целосно ќе се реконструираат можеби ќе станат следниот летен хит.

Првата алгоритамски генерирана музика е од...17 век!

Терминот „алгоритам“ денес асоцира на кодови, компјутери, н’рдови кои знаат сето тоа да го испрограмираат и да му смислат некаква практична примена. Кога станува збор за уметноста, алгоритмите се сфаќаат како спротивни на нејзината суштина. Ама некогаш тоа не било така. 

На антрополошка конференција отстранет панел на тема „зошто биолошкиот пол е неопходен за истражување?“

Две значајни антрополошки организации од САД и Канада организираат конференција. На неа се пријавува тим кој сака да зборува за биолошкиот пол како за (се уште) значајна категорија во општествените и хуманистичките истражувања. Без да ги повикаат на разговор, организаторите го бришат нивниот панел од програмата. Овие остануваат со купените авионски карти и биолошкиот пол в рака. 

Зошто мачките реагираат на „пс-пс“?

Може да се сфати и како ретро заводнички повик по атрактивен припадник на спротивниот пол. Но се пс-ка најчесто по мачиња, кога се сака да им се привлече внимание. Дали еволутивно има врска едното со другото, тоа само еден Дарвин би знаел. 

Kинезерија - кога европските „инфлуенсери“ граделе палати во кинески стил

Денес на ова би се гледало како на „културно присвојување“, но кога францускиот крал Луј 14-ти наредил изградба на 5 објекти инспирирани од Порцеланската кула во Нанџинг (едно од седумте светски чуда кое малкумина Французи го имале видено со свои очи), како бегство од Версај и егзотично љубовно гнездо, тој поттикнал мода која се проширила низ тогашна Европа.

Смрт и ужас: кога контроверзен албум со звучни ефекти станал хит

„Звучни ефекти број 13“ поттикнал контроверзи кога бил издаден во 1977. Но и покрај морничавите наслови на композициите како „Црвена жешка маша во око“ и кампањата за да биде забранет, ефектот бил обратен - тој станал хит за издавачот, Би-би-си.

Дороданго, или од кал до бисер

Јапонска уметност која во буквален превод значи „правење кнедли од кал“, комбинира земја и вода, а потоа со трпеливо и долготрајно полирање создава деликатна сјајна сфера слична на топче билијард. Има во ова метафора, ај ти.

Габриел Брн за новиот филм во кој го игра Семјуел Бекет

Во интервју за Гардијан, актерот зборува за новиот филм „Прво играј“ во кој го толкува ирскиот драматург. За улогата требало да вежба дијалог со метла, но од друга страна бил пресреќен што не морал да слабее 15 килограми за да личи на Бекет. 

Контроверзниот лик кој ја инспирирал песната „Ако“ на Радјард Киплинг

„Ако можеш да останеш присебен,кога сите околу тебе главата ја губат и те обвинуваат за тоа...“. Славната песна на Киплинг со децении се наоѓа на првото место во анкетите за омилени поетски дела на Британците. Иако напишана за неговиот син, таа е всушност инспирирана од лик кој бил контроверзен уште пред напливот на политичка коректност.

Оригами направени од жртва на атомската бомба во Хирошима конкурираат за регистарот на УНЕСКО

Семејството на Садако Сасаки, која починала од труење со радијација во 1955, сака нејзините хартиени жерави да бидат признени од УНЕСКО како историски значаен симбол на ужасите на нуклеарните оружја. 

Како тоа никој не ја сакал наградата од милијарда долари на Пепси? 

Пред 20 години, некому во компанијата Пепси му текнало да направи промотивна кампања - најголема во историјата. Не за еден милион, не за сто, туку за дури 1 милијарда долари. Не се барало никакво знаење, никаков напор, само да се погодат случајни бројки. Па сепак, излегло дека луѓето повеќе сакаат опипливи нешта, како ѓезве или гратис сокче, отколку сума пари која не ја разбирале.

Пред Барби: фијаското со Малата госпоѓица Безименка

Во 1965 компанијата Хасбро на пазарот вади кукла која треба да е антитеза на гламурозната Барби. Не е ни чудо што денес таа е заборавена, затоа што многу бргу се покажало дека целата идеја е промашена.

Брајан Кокс ќе го игра Бах во нова театарска претстава

Драмата „Композицијата“ (The Score) на Оливер Котон е фиктивно претставување на еден историски факт - средбата на славниот композитор со прускиот крал Фредерик Втори. 

Поради наплив на книги генерирани со ВИ, Киндл го ограничува бројот на самиздати на само три на ден

Како што генеративната вештачка интелигенција почнува да го загушува издавачкиот сектор, Амазон мораше да најде начин да ја контролира навалицата на нови „дела“, кои се водат како самиздати на неговата платформа Киндл директ.

Вештачката интелигенција може да вградува тајни пораки во четови и мемиња

На новиот Џејмс Бонд му се допаѓа ова - во најнов развој на настаните околу ВИ, компјутерските научници развиле начин да пренесуваат доверливи информации, кој е толку дискретен што оние кои се заинтересирани да ги пресретнат не можат да ги видат, иако им се пред очи.

За Пулицер наскоро ќе можат да се кандидираат и автори кои не се граѓани на САД

Престижните награди од 2025-та ќе се отворат и за оние со постојано жителство во САД, како и за такви кои едноставно таму се чувствуваат како дома. Промената следи по отворено писмо на автор од Ел Салвадор, кој живее во САД од дете, а кој не можел да биде земен предвид и за оваа и за куп други награди кои се засноваат на имиграцискиот статус на кандидатите.

Нова студија за дилема стара 200 години: од каде потекнуваат сите индо-европски јазици?

Иако над три милијарди луѓе зборуваат некој јазик од големото индо-европско семејство, точната локација од каде потекнал оној „прото“ - првиот, од кого постепено се развиле останатите, не е јасна. Тим истражувачи сега има нова теорија која ги помирува претходните две, до сега сметани за тотално спротивставени.

Македонка помеѓу овогодинешните добитници на Иг Нобел!

Сте се запрашале ли колку влакна во носот има човечки труп? На оваа тема работел тим предводен од д-р Наташа Мешинковска oд Универзитетот во Калифорнија, а истражувањето сега е едно од десетте закитени со научно-забавниот Иг Нобел. 

Пејачки муабети: познати музичари зборуваат за своите гласови

Во ново издание под наслов The Singers Talk, некои од најголемите пејачи на нашето време зборуваат за нешто за коешто никогаш не се прашани - нивниот „алат“, односно гласните жици. Ози Озборн, Брус Спрингстин, Роберт Смит од „Кјур“, Том Јорк и голем број други откриваат што мислат за сопствените гласови.