
Кариерата на Клаудија Кардинале, која почина вчера 23.09. на 87-годишна возраст, траеше повеќе од шест децении, во време кое се смета за златната ера на италијанската кинематографија. Работеше со големи режисерски имиња како Федерико Фелини и Лукино Висконти, а подоцна и со холивудски легенди како Хенри Фонда и Чарлс Бронсон.
Родена во Тунис во 1938 година, Кардинале на 16 години победила на избор за убавина и со тоа си го отворила патот кон филмската индустрија. Иако првично сакала да стане наставничка, таа сепак се одлучила за филмската сцена, и покрај бројните предизвици: лична траума во младоста, тајна бременост и борба со нејзиниот акцент, поради што гласот ѝ бил синхронизиран од други актери.
Филмовите „8 и пол“ (1963) и „Гепардот“ го одбележаа нејзиниот пробив, а нејзиниот имиџ стана симбол на „посвоената европска гламурозност по Втората светска војна“. Подоцна настапуваше и во „Пинк Пантер“ и „Беше еднаш на Дивиот запад“ на Серџо Леоне.
Кардинале продолжи да глуми и во позрели години, дури и по својата осумдесетта, а во 2000 година беше назначена за амбасадор на добра волја на УНЕСКО за женски права. Во 2002 година доби награда за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал.
Италијанскиот министер за култура ја нарече „една од најголемите италијански актерки на сите времиња“, симбол на елеганција и талент.
Кардинале самата за својата кариера има изјавено: „Сум живеела повеќе од 150 животи: проститутка, светица, романтичарка – секој вид жена. И тоа е прекрасно, бидејќи ти дава шанса постојано да се менуваш.“
Антологиската сцена со нејзиното прво појавување во „Беше еднаш на Дивиот запад“: