
Витезите постоеле од 5-ти до 15-ти век. Тие биле припадници на благородничкиот слој, обучени во борба, јавање коњи и во дворски вештини. Носеле тешки оклопи од железо и се служеле со мечеви, копја, боздогани и секири. Покрај војувањето, учествувале и во турнири и имале кодекс на однесување.
Самураите живееле во Јапонија од крајот на 12-ти век до 19-ти век. Биле дел од воена каста и се раководеле според строг кодекс – бушидо, „патот на воинoт“. Нивната најголема вредност била честа и безусловната верност кон својот господар. Борбената опрема им вклучувала меч-катана, специфично сечило со поткренат врв, нагината и долг лак, а нивните оклопи биле полесни и овозможувале поголема подвижност.
Кој би победил зависи од условите на борбата. Што се однесува до оклопот и одбраната, итезот има предност, бидејќи неговиот тежок оклоп бил скоро непрониклив за катана или стрели. Самурајскиот оклоп, полесен и флексибилен, нудел помала заштита.
Брзина и агилност: самурајот е побрз и попрецизен. Иако витезот е добро заштитен, слабите точки на оклопот (врат, зглобови) би можеле да бидат погодени со брзи и прецизни удари.
Јачина и напад: витезот има предност во физичка сила и во моќни удари со тешкиот меч, но катаната е поостра и посоодветна за прецизна техника. Оваа категорија, да речеме, е нерешена.
Заклучок би бил дека нема конечен победник. Ако се борат без оклоп, предност би имал самурајот со својата брзина и агилност. Ако се борат во полн оклоп, витезот би бил речиси непобедлив. Единствено е сигурно дека и витезите и самураите биле врвни борци чија слава трае и денес.