
Во соработка помеѓу Пагода -здружение за промоција на источноазиските култури во Македонија и Друштвото за македонско-јапонско пријателство и соработка, на 25.10.2025 (сабота), со почеток во 12:00 часот во BASE42, ќе се одржи првиот официјален собир на „Пат кон Истокот“ – заеднички книжевен и филмски клуб од отворен тип, создаден за љубителите на литературата и филмот од земјите на Источна Азија.
Домаќин на првиот собир е токму Букбокс, а ќе се дискутира романот „Продавачката од маркетот“ од Сајака Мурата (во македонски превод и издание на „Три“).
Книжевниот дел од клубот ќе биде посветен на автори од Источна Азија – нивно читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици. Филмскиот дел ќе вклучува проекции и анализи на филмови од Источна Азија, често поврзани со книжевните наслови што ги обработуваме.
Средбите ќе се одржуваат на секои три месеци. Домаќинот го предлага насловот, како и начини за набавка на книгата. Доколку не може да се обезбеди печатено издание, може да се користи и дигитална верзија на било кој јазик. Сите најави за книгите и состаноците ќе бидат објавувани преку социјалните мрежи.
Членството е отворено за сите што се заинтересирани за источноазиските книжевности и култури. Присуството е добредојдено и без претходно прочитана книга, иако се препорачува за поквалитетна дискусија. Членството е бесплатно, а донациите се секогаш добредојдени.