Bookbox

Чарли Чаплин - безмилосен бизнисмен и егоцентрик?

Нова книга покажува дека голем број музички успеси кои му се припишуваат на славниот режисер всушност биле резултат на кражба на туѓ труд. Бил генијален, ама и опседнат со комплетно авторство.

Зошто не е можно да се чита во нашиот градски превоз?

Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.

Морничавите звуци на дело изведувано од оркестарот на Аушвиц

Истражувачка од Универзитетот во Мичиген открила музички ракопис чиј автори се тројца полски затвореници во Аушвиц. Најстрашното и најироничното е неговиот наслов.

Звучен дизајн на хорор филмови наменет за оние со нарушен слух

Кога станува збор за хорори, звукот игра суштинска улога во создавање на чувството на страв и возбуда. Сега компанијата Самсунг се обидува низ современа технологија на звук да им го пренесе и на оние кои не можат да го слушнат.

Зошто оркестрите се штимаат на „ла“?

Во публиката уште има блага раздвиженост на луѓе што доцнат, се исклучуваат мобилните, се чувствува тензијата на нешто што се подготвува да почне. И потоа, продорен но топол звук на обоа, која му дава знак на целиот оркестар дека треба да почне да се штима.

Регето влезе на листата на глобално културно наследство на УНЕСКО

Меѓународната организација го додаде овој музички жанр во својот список на „нематеријално културно наследство“ по кандидатура на Јамајка - лулката на регето.

Како Инките си ја запишувале историјата со врзување јаженца

Нешто да си „врзеш во чворче“ значи да го земеш за сериозно и да го запамтиш. Не знаеме каква е поврзаноста на оваа наша изрека со далечните и древни Инки, но после оваа статија некако сме уверени дека таква постои.

Што е тоа „емоционален труд“?

Терминот стана централен во актуелната дискусија околу поделбата на домашната работа. Но социологот кој го има смислено вели дека тоа не е неговата коректна употреба.

Фотографија од изгрејсонце на Марс претворена во музика

Вчера, 26.11, на Марс успешно се примарси (соодветна варијанта на „приземји“) сонда на НАСА, која за да стигне таму помина пат од 428 милиони километри во тек на шест месеци. Нејзиното слетување предизвика големо медиумско внимание. Но притоа сите како да заборавија на еден постар „жител“ на Марс испратен од Земјата - роботче, кое по напорна кариера неодамна се самопензионира.

Слепиот пијанист кој освојува престижни награди

Не е толку познат како Стиви Вондер, Реј Чарлс или Бочели. А неговата успешна приказна покажува колку е сепак тешко за слепите и слабовидни лица да дојдат до ресурси потребни за изведување класична музика.

Бертолучи: Бев заљубен во Брандо

Славниот италијански режисер замина на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе легендарни филмови и пар скандали. Во 2004, кога почина Марлон Брaндо, тој напиша отворено писмо во кое го опиша турбулентниот однос со актерот со кого го снимаше „Последното танго во Париз“.

Како реагирале современиците на Њутн кога тој ја „открил“ гравитацијата?

Да речеме дека тогаш, на преминот меѓу 17 и 18 век, имало Фејсбук. Или да замислиме дека некој решил да прави документарец за откритието на Њутн и собрал неколку негови колеги да се изјаснат. Што би рекле тие?

Може ли сериозната музика да биде смешна?

Има хумористични приказни, блесави цртежи, комични филмови. Може ли музика, па уште и класична, да направи да пукнеш од смеа?

Реакции по веста дека Чиле планира да преименува аеродром во чест на Неруда

Активисти за човекови права велат дека ниту една институција, па ни аеродром, не треба да носи име на човек кој во своите мемоари самиот признал дека силувал слугинка.

Заборавената жена-антрополог која успеала да исконтактира со „најопасното племе на светот“

Вчера 22.11 медиумите известија за настан кој изгледа како излезен од некој авантуристички филм - изолирано племе со стрели усмртило американски мисионер. Дали тие навистина никогаш не биле успешно контактирани од бел човек?

Има ли кај нас професија „проверувач на факти“?

Пишувањето на текстов го почнавме со една наивна мисла, дека кај нас можеби постои работно место „факт чекер“ и дека оттаму би имало и добар превод на ваквата професија, која (таму, некаде на друго место) е макотрпна и одговорна работа.

Фани Менделсон - композиторката во сенка на нејзиниот славен брат

Била eден од брилијантните музичари на 19 век. Но како и со голем број други жени во уметноста, нејзиниот талент не бил препознаен во времето во кое живеела.

Објавувањето мемоари е опасно по живот

Си бил тежок криминалец, ги знаеш главните фаци и нивните валкани тајни. Во еден момент решаваш да се повлечеш. Што е најглупото што можеш притоа да го направиш? Да напишеш мемоар.

Контроверзните скулптури на фетуси на Дејмиен Хрст повторно поставени

Пред гинеколошки центар во Катар осамнаа 14 огромни скулптури на матки со фетуси во различни фази на развој. Истите оние кои пред неколку години беа покриени заради реакции од јавноста.

Пред Порнхаб: фаталните последици на самозадоволувањето

„Тој беше млад и убав, мајчина радост и гордост - но умре во големи маки, слеп, болен и парализиран, на само 17 годни. Да ги знаеше последиците на мастурбацијата, можеби ќе поживееше“.

Прогласен германскиот збор на младите за 2018

Во рубрикава негуваме блага опседнатост во однос на тн. „зборови на годината“ кои ги прогласуваат различни речници, сајтови и организации. Тоа е затоа што тие одразуваат некои значајни општествени трендови, кои се повеќе од лингвистички. Уште поинтересни се оние кои не се англиски.

Kога Хајдн сакаше да си оди од Унгарија

Има разни начини човек да се вози на бранот на некоја актуелна тема. Во случајов ќе се обидеме да го искористиме нагло пораснатиот интерес за една земја за да раскажеме приказна не за човек кој влегол во неа на необичен начин, туку за таков кој од таму едвај излегол.

Зборот на годината е „токсично“

Во муабет кога сакаме да го доловиме влијанието на социјалните мрежи врз нашето психичко здравје, или на животот во главниот град, користиме збор кој очигледно станува глобална парадигма. Отруени сме, на многу начини.