Архива

Цената на вашата авио-карта ќе ја одредува вештачка интелигенција

Американскиот авио-гигант Делта има долгорочна стратегија да ги напушти фиксните цени и да се насочи кон индивидуализирано одредување цени со помош на вештачка интелигенција. Досегашното искуство им било „неверојатно поволно“. Застапник на потрошувачите ја споредува оваа тактика со „хакирање на нашите мозоци“.

Што е „хиралност“ и како една огледална слика може да резултира со катастрофа?

Погледнете си ги рацете. Левата и десната изгледаат исто, но ако се обидете да ги ставите една врз друга, тие не можат совршено да се поклопат. Тоа е затоа што тие се огледални слики, но не се идентични. Во хемијата, оваа појава се нарекува хиралност, и се јавува кога молекулата има таква структура што не може да се совпаѓа со својата огледална слика. Ако ова не се земе предвид, на пример во фармацијата, можни се фатални последици кои се случиле во 1960-тите во 46 земји во светот.

Пукнатини во удобниот картел на ЕУ

Фон дер Лајен можеби преживеа, но нејзиниот режим се напрега под притисок од популистите и само е прашање на време е уште едно гласање за недоверба. Ако на крајот биде принудена да се повлече, тоа нема да биде затоа што демократијата одеднаш пристигнала во Брисел. Ќе биде затоа што нејзините колеги-членови на картелот го изгубиле трпението со нејзиното управување со режимот.

Прав газда

Сопственикот на АЕК Атина, Мариос Илиопулос, го промовира Марко Николиќ за нов тренер, откако лани ја водеше ЦСКА Москва. Директ во лице му кажа што очекува од него, а на крај викна силно на српски. Петте зборови кои ги потенцираше се моќ, страст, гордост, работа и дисциплина.

Германија ја губи трката во реалната куповна моќ

Растечките трошоци за живот во Германија сè повеќе ја намалуваат реалната куповна моќ на граѓаните и им го прават животот сè поскап. Ако се имаат предвид цените, посиромашни се дури и од Русите, кои водат војна, трпат санкции и имаат висока инфлација. Германските семејства најмногу се оптоварени од зголемувањето на кириите, кои во големите градови поскапеле за 27%. 

10-те главни правила на Алегри во Милан

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Свежината на сунѓерот

„Свежо“ беше клучен збор во речиси сите маркетинг камањеи на американскиот ланец Сабвеј. Eat Fresh (од 2000 до денес), Eat Fresh, Refresh (2021), Founded on Fresh (2015), Fresh Is What We Do (2016)... На Џон Стјуарт ќе му залетнеше сендвичот кога слушна дека Сабвеј ќе вадат една хемикалија која нивните лепчиња за сендвичи ги правела меки ко душа. Само што истата хемикалија се користи за меки да бидат и килимчиња за јога и ѓонови на патики. 

Веганското млеко не му е ни до колена на кравјото

Не само што веганското млеко не му е нутритивно еквивалентно на кравјото, туку и растителните суплементи може да предизвикаат токсиколошки проблеми, особено кај малите деца. Препораката од експертите е децата да пијат полномасно или полуобезмастено кравјо млеко. Оние на растителна основа се прифатлива алтернатива само ако се незасладени и збогатени со витамини.

Од јунак до трагичар па назад

Белградски Партизан отсекогаш имал добри голмани, а летово се решија на гол да застане 34-годишниот малку познат Марко Милошевиќ кој во кариерата бранел претежно во помали српски клубови и во Казахстан и Унгарија. Синоќа на реваншот со АЕК Ларнака додека Партизан водеше 1-0 и ја надомести негативата од 2-1, во 90+5' минута од судиско продолжение одбрани пенал и осигура продолженија.

Нов подем на јапонската литература на Запад

Повеќе од една третина од 40-те најпреведувани книжевни наслови за 2025-та се од јапонски автори. Меѓу нив секако е Харуки Мураками, но и помлади и помалку познати автори вон Јапонија. Карактеристично е и што повеќето се - жени.

Страшниот залет на Тадеј Погачар, работите дојдоа на свое место

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 12. етапа на 112. издание на Тур д' Франс. Најдобриот светски велосипедист и возач на Емирати тимот, ја заврши делницата од Уша до Утакама долга 180,6 км за четири часа, 21 минута и 19 секунди со што го презема водството во генерален пласман и со жолта маичка ќе ги предводи останатите.

Гугл им зарива нож во грб на медиумите

Пребарувачите и агрегаторите на вести на чело со Гугл направија империи со пренесување и сортирање на авторски новинарски содржини. Сега преминуваат на стратегија што егзистенцијално ги загрозува медиумите – нудат резиме составено со вештачка интелигенција за да обесхрабрат посета на оригиналниот извор на веста. Како курир што ја крие пораката и ја прераскажува.

Кога младиот и непознат Германец Новицки ги разбил Пипен, Баркли и Џордан

Во летото 1997-ма година, најголемите светски кошаркарски ѕвезди Мајкл Џордан, Чарлс Баркли и Скоти Пипен тргнале на тура во Европа, во рамки од турнејата „Најк Хупс“ како промотери на истата. Во еден момент стигнале до Германија.

Најлуд пресврт во еврокупови: Хелсинки се врати од 0-4 и со 5-4 оди понатаму

Во морето натпревари во квалификации за трите европски купа синоќа на северот од Европа се случи чудесен пресврт.

Јако кинеско изненадување за Јокиќ

Никола Јокиќ во Кина доби пречек и пол. Замина на четиридневен престој поради обврски кон својот спонзор за спортска опрема  361°. Погледнете што им текнало да му подарат. Патики, ама со глава од коњ. Какви цареви. Србинот е изненаден и воодушевен од гестот.

Комити верни и во Сан Марино

1.500 километри не се никаков проблем за најверната навивачка група на Вардар, Комити. Второто коло во Конференциската лига беше речиси заверено против неатрактивниот противник од Ла Фиорита, но тие сепак се качија во автобус и заминаа за Италија, на лице место да им ја дадат поддршката.

Вардар не победи во Сан Марино поради автогол во 93-та минута

Вардарци одиграа 2:2 во реваншот против Ла Фиорита, но одат понатаму поради триумфот од 3:0 на Градски. Избраниците на Гоце Седлоски ја имаа победата в раце и на овој натпревар, но дефанзивецот Георгие Јанкулов по грешка го лобувааше својот голман во судиското продолжение. Во второто квалификациско коло од Конференциската лига Вардар се среќаваа со Лозана од Швајцарија. Првиот меч се игра на 24 јули во Скопје.

Психоделични Американски Држави

Администрацијата во Вашингтон е на прагот да ја прифати иницијативата за одобрување на забранетите супстанции како ЛСД и екстази за третман на депресија, траума и други тешки состојби. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди најави одобрување за 12 месеци. Тексас одобри проект за проучување на моќниот психоделичен ибогаин како третман за зависност од опиоиди.

Како нарцистот успева да те задржи?

Светот денес е полн со зборови како „токсични врски“ и „гаслајтинг“, но зад тие термини стојат реални искуства кои оставаат длабоки психолошки последици.

Колку нè чини слепото бркање кариера на емоционално ниво?

Постигнувањето професионален успех сè почесто се поврзува со долгорочни последици по менталното здравје. Додека фокусот обично паѓа врз придобивките од кариерата - како финансиска стабилност, престиж и влијание - сè повеќе истражувања укажуваат на тоа дека искачувањето по кариерната скала може да предизвика хроничен стрес, емоционална исцрпеност и намалено чувство на лична исполнетост.