
Бандата од НБА била следена со огромно внимание каде и да дошла во Европа, а необична епизода следувала во еден град во Германија.
Како што обично бива на вакви турнеи, ѕвездите играле ревијален баскет со локалните кошаркари.
На големиот Скоти Пипен, кој во тоа време беше сметан за најдобриот одбранбен играч на светот (осумкратен добитник е на наградата за најдобар дефанзивец во НБА) некако му се погодило да чува еден млад и непознат Германец пред се поради неговата поголема висина од другите.
Изненадувачки и шокантно за сите, младиот кошаркар го разбил Пипен во целиот прв дел и постигнал 25 поени за 20 минути.
Нормално Баркли и Џордан не ја пропуштиле приликата да го пецнат нервозниот Пипен. „Мораш да пробаш посилно, сопри го некако! Нели си најдобар одбранбен играч на светот?!“
Мотивиран од овие зборови, Пипен се вратил да покаже зошто важи за светски дефанзивец број 1, но младиот бил уште поневеројатен на паркетот и го завршил мечот со страшни 52 поени од кои 4 дошле после две страшни забивања преку Баркли.
„Му пријдов и му реков: 'Кој си ти по ѓаволите'?!, а тој ми одговори: „Дирк Новицки, господине“, раскажал Баркли подоцна.
По краток муабет, легендарниот Чарлс Баркли му кажал на чудесното младо момче дека местото му е преку океанот - на колеџ. Но Германецот одговорил дека мора прво да отслужи воен рок и би сакал да остане во својата земја додека не стекне искуство.
Баркли веднаш одговорил дека тоа е сулудо и смешно и дека е губење на талентот, па веднаш брзо ги контактирал луѓето од Најк да направат сè што е можно за младото дете да дојде што поскоро на неговиот матичен Обурн Универзитет во САД.
Дирк некако го издржал притисокот на Баркли, одиграл уште една сезона во Германија и чекал додека не стане зрел да се појави на НБА драфтот.
Останатото е историја....