Страшниот залет на Тадеј Погачар, работите дојдоа на свое место

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 12. етапа на 112. издание на Тур д' Франс. Најдобриот светски велосипедист и возач на Емирати тимот, ја заврши делницата од Уша до Утакама долга 180,6 км за четири часа, 21 минута и 19 секунди со што го презема водството во генерален пласман и со жолта маичка ќе ги предводи останатите.

Главниот момент на првата брдска етапа на Пиринеите се случи некаде на самиот старт на искачувањето, односно на 12 километри пред финишот, во моментот кога групата велосипедисти тргнуваше кон успонот Утакам.

Погачар, поддржан од тимските колеги, на истото место каде минатата година неочекувано покажа многу слабости и ја изгуби предноста и трката, синоќа запна и во свој стил буквално го оддува најголемиот ривал Данецот Јонас Вингегор.

Проаѓањето низ целта меѓу првите на Погачар му го честиташе францускиот претседател Емануел Макрон.

Интересно, Погачар сега му бега на Јонас Вингегор од тимот Висма +3:31 минути и тешко е да се очекува дека во продолжение од Тур д'Франс Данецот би можел да го престигне бодовно. 

За нивното големо ривалство најдобар показател е податокот дека ги завршуваа трките еден позади друг дури 47 пати од кои 21 на прво и второ место.

Ова беше 102. победа на 26-годишниот Словенец Тадеј Погачар во кариерата, 29 на Гран-тур трките а јубилејна златна 20-та на Тур д'Франс.

ПОРЕДОК ЗА ЖОЛТАТА МАИЧКА:

1. Тадеј Погачар (Словенија, Емирати) 45:22:51
2. Јонас Вингегор (Данска, Висма) +3:31
3. Ремко Евенпул (Белгија, Квик степ) +4:45
4. Флоријан Липовиц (Германија, Ред Бул-Бора) +5:34
5. Кевин Фокелан (Франција, Аркеа) +5:40
6. Оскар Онли (Велика Британија, ПостНЛ) +6:05
7. Примож Роглич (Словенија, Ред Бул-Бора) +7:30
8. Тобијас Халанд Јохансен (Норвешка, Уно-Икс) +7:44
9. Феликс Гал (Австрија, Декатлон-АГ23) +9:21
10. Матео Јоргенсон (САД, Висма) +12:12

Тадеј Погачар со освоената етапа на Утакама ја облече и точкастата маичка наменета за најдобриот на брдските цели. Во петок се вози брдски хронометар од Лудовиниел до Перагуда во должина од 10,9 километри.

18 јули 2025 - 11:06