
Во 1. коло квалификации за Конференциска лига финскиот претставник ХЈК Хелсинки го изгуби првиот меч на гости од анонимниот Рунавик од Фарски Острови со убедливи 4-0. Овој пораз бил шокантен за повеќекратниот фински шампион.
Пред овој двомеч Хелсинки имаше пристоен европски коефицент за сезонава (12.500) и е редовен претставник во УЕФА натпреварите.
На реваншот синоќа во Финска, гостите од Фарски Острови рано добиле црвен картон. Рунавик уште од 15' минута останал со играч помалку а само две минути подоцна Хелсинки го постигнал првиот гол и тоа каков еврогол за 1:0.
До полувреме резултатот останал ист, гол предност за домаќинот.
Во вториот дел почнува права лудница: во 53' минута 2:0, во 79' минута 3:0, а во 90+4' минута 4:0 со кој ХЈК се изборил за продолженија.
Гостите целосно деморализирани уште на сам старт на продолженијата рано примаат гол за 5:0 и Хелсинки заслужено оди во следно 2. коло од квалификации за Конференциска Лига.