Архива

M.A.C ќе пушти линија инспирирана од „Аладин”

„Вашата желба е наша заповед”, пишуваат на објавата на Инстаграм од M.A.C, со пригодна референца на духот од Аладин за соработката со Дизни.

Oтворена архива на Лу Рид во склоп на Њујоршката јавна библиотека

На 2 март (ќе) му беше 77-иот роденден. По тој повод јавната библиотека на Њујорк издаде специјална Лу Рид членска карта, која обезбедува пристап не само до вообичаените услуги, туку и до хартиени и електронски документи, фотографии и околу 3600 аудио и 1300 видео снимки од големиот рокер.

Дрезденци во Хамбург пееа за Источна Германија

Динамо Дрезден ги има едни од најверните и најбројните навивачи во Германија. Познати се како едни од најгласните и најжестоките. За време на едно скорешно гостување на мечот против Хамбургер (северна Германија, не ривалската западна), Дрезденци грмеа „Источна Германија“ (Ostdeutschland) на која се посебно горди.

Грчки рецепт за втерување одговорност кај општинари

Седница на локални власти одговорни за училиштата во една од населбите во Атина. Комплетно ненајавено на седницата влетува еден крајно разбеснет родител заедно со блок малтер.

Зошто само жените ги напаѓаат за трошење?

Работи што можат жените да ги купат, без да бидат нападнати: нешто за сопругот и децата, или нешто без кое што буквално не би преживеале.

Работи што ќе им ги качат на глава: сè друго што ќе го купат за лично задоволство.

Диктаторот Франко ќе биде откопан од почесните гробишта

Шпанската влада одлучи дека останките на Франциско Франко треба да бидат отстрани од нивното сегашно почивалиште, меморијалниот комплекс Долина на паднатите (Valle de los Caídos) и да бидат префрлени во парцела на државните гробишта.

Оптичка илузија на Мореиренсе - Бенфика - влезе или не влезе?

Бенфика синоќа со 0-4 го совлада Мореиренсе на гости и по триумфот над Динамо во Лига Европа, се врати на првото место во домашното првенство каде има исто бодови како и Порто - по 66. Овој меч го одбележа еден чуден момент по центаршутот на Оачерија.

Секој би посакал пријателче како тој со број 50

Остај ти муабетот ако сум највисок и најдебел, тогаш сум најјак, нема на никој да му додавам и ќе шутирам колку сакам и од каде сакам. Срце бе има дебелково, срце планина. 

Бескорисен како Андроид анти-вирус

Последната проверка на анти-вирус категоријата на Андроид покажала дека две третини од сите апликации на темава се комплетни измами.

Контрол Ц Контрол В

Украинецот од Сити, Олександр Зинченко во јануари кога го декласираа Бартон Албион во Купот постигна гол кој многу наликува на овој на Меси од синоќа.

Какви морони, на дете дрес му земаа од рака

Страста за фудбал во Јужна Америка понекогаш е неразбирлива. Еве ајде некако ќе им ја разбереме, како религија им е. Ама па за еден дрес бе очи ќе извадеа и тоа играч му го фрли на дете, навивач на Атлетико Миниеро, а овие му го земаа и ќе се испотепаа, па до интервенција на редари дојде работава. Тепачка за дрес.

Топ 5 голови на Пандев против Јувентус

Додека италијанските медиуми пишуваат за првиот пораз на Јуве после дури 28 кола, Газета дело Спорт ги изброи головите на македонскиот голгетер против Старата Дама, а ние ви презентираме листа со топ 5 од нив.

Неубава епизода на женски фудбалски натпревар

За време на меч меѓу Швајцарија и Русија, од елитната рунда на Европското првенство за фудбалерки до 17 години, се степаа капитенката на Швајцарија Ела Љустина (инаку Русинка по потекло) и капитенката на Русија Памен Чато. И двете со право беа исклучени а на крајот Швајцарките победиле со 4:2.

Ништо не е тивко на Источниот фронт

Истори (Eastory) e Јутјуб канал на анонимен дечко од Естонија на тема историја, и тоа главно периодот околу Втората светска војна и нешто ситно од други периоди главно околу естонска историја. Меѓудругото, има и една одлична серија околу Источниот фронт и неговиот развој од 1941 до 1944.

На Јапонците им снемаа шрафови за да ги довршат стадионите за Олимпијада

Најголемите градежни компании и трговци во земјата соопштија дека залихите на шрафови неопходни за спојување на челичните греди на стадионите и најразлични инфраструктурни проекти се целосно испразнети уште во јануари.

Кочо Анѓушев и повластените тарифи за фотоволтаични централи

Е тоа е тоа што ужасно ме нервира: твојата сопствена влада ќе направи сè за да те дисквалификува како потенцијален инвеститор во корист на крупниот бизнис, а ти ќе направиш сè за да ги заобиколиш правилата и некако ако може, колку се може, да извадиш некој ќар од ситуацијата. Да се профилираш како играч, а не како раја. Далеку сме ние од нормален свет, мои драги браќа и сестри Македонци.

„Тебе ти аплаудира цел свет, не само на Бенито Виљамарин“

Меси има повеќе голови од слободни од цел Реал Мадрид. Неверојатниот Аргентинец по којзнае кој пат го воодушеви цел свет со луд настап. Синоќа го постигна петтиот гол сезонава од слободен удар - 4 има во првенство и 1 во Лига на шампиони.

Го сними голот на Пандев и го остави грлото на стадион

Играа со Милан, Интер, Наполи, Лацио, Рома. Никој не успеа да ги победи од нив. Отидоа на гости во Џенова, Прандели во 60-та минута го стави џокерот Пандев и веќе по 20 минути благодарение на нашиот стар лисец на семафорот стоеше Џенова - Јуве 2:0. Кој би рекол а? Гол и асистенција за Гочето.

Навивачите на Бетис станаа на нозе за хет-трикот на Меси

Не се работи само за тоа што постигна хет-трик, туку начинот на кој го стори тоа. Ова е тој момент кога и противниците колку и да им е тешко за високиот пораз, ти признаваат дека си најјак и дека си им го направил тимот попара.