Aртефактите содржани во архивата го покриваат животот на музичарот, писателот, фотографот и мајсторот по таи-чи од 1958, кога го формирал школскиот бенд Д Шејдс, преку подемот со Велвет Андерграунд и последователната соло кариера, па до последниот настап во 2013.
Тоа што архивата се отвара токму во Њујорк е сосема соодветно за некој кој го има опеано овој град со сите негови лудила, и каде тој самиот станал она по што денес го памти музичката историја.
Рид додуша најпрвин оставил „траен белег“ на Универзитетот Сиракјуз како „криминалец, дисидент и поет“. Таму студирал кај својот книжевен херој, Делмор Шварц, но бил наводно исфрлен заради тоа што вперил ненаполнет пиштол во главата на раководителот на катедрата. Но потоа патот го довел во Големото јаболко каде бил еден од пионерите на панкот, новиот брак и уште пар поджанрови на рокот, истовремено соработувајќи со светот на поетите, театарџиите и филмаџиите.
Еве што подетално содржи неговата архива:
- Оригинални ракописи, стихови, поезија и белешки за таи-чи
- Фотографии од Рид, вклучително и такви со посвети од фотографите кои го сликале
- Договори и документи во врска со турнеите
- 600+ часови снимки во живо и интервјуа
- Фотографии направени од самиот Рид
- Постери, програмчиња и промотивни материјали
- Исечоци од весници
- Писма од обожаватели
- Личната збирка на Рид на книги и плочи