Го сними голот на Пандев и го остави грлото на стадион

Играа со Милан, Интер, Наполи, Лацио, Рома. Никој не успеа да ги победи од нив. Отидоа на гости во Џенова, Прандели во 60-та минута го стави џокерот Пандев и веќе по 20 минути благодарение на нашиот стар лисец на семафорот стоеше Џенова - Јуве 2:0. Кој би рекол а? Гол и асистенција за Гочето.

Луиџи Ферарис уште се тресе, а навивачов кој ја сними цела акција со се голот на Пандав остана без глас. На крај на видеото вели: Не можам да издржам повеќе, инфаркт ќе ме стрефи.

И спикерот остави грло

 

18 март 2019 - 09:19