Пандев повторно е анти – Јуве, но овој пат посебно, напиша најпознатиот спортски дневен весник после големото изненадување кое Џенова му го приреди на Јуве.
Горан Пандев до сега има постигнато вкупно 8 погодоци против Јувентус од кои 4 во дресот на Лацио, 3 како играч на Наполи и еден вчера за Џенова. Откако игра во Италија само во дресот на Интер не успеал да ја затресе мрежата на Старата Дама.
„Ако имаше човек кој беше во можност да му ја урне серијата без пораз на Алегри, тоа сигурно беше Македонецот. Картата на Прандели беше скриена на клупа во очекување да влезе и да го смени резултатот на мечот. Голот на Стураро е исто така заслуга на тренерот, но Пандев го чекаше својот момент и уште еднаш ги тресна“, пишува Газета.
Тоа што му недостигаше во кариерата против Јувентус беше победа со негов гол, бидејќи на сите претходни натпревари неговиот тим губел или играл нерешено во Серија А. Победа има само во Куп кога на 3 март 2009-та израмни за 1:1, а Лацио на крај славеше 2:1 и го елиминираше Јувентус во полуфинале.
Другите 3 гола против Јуве како играч на Лацио му се два со глава (2:3 за Јуве) и оној легендарниот во 2004-та кога ја измеша цела одбрана составена од Канаваро, Турам и Ѕебина (1:2 за Јуве).
За Наполи има постигнато 2 во првенство (конечни 3:3) и еден во Супер Куп кога и покрај тоа што стрелаше за 1:2, Јуве славеше во продолженија 4:2.
Првиот негов гол за водство и прва победа против Јуве во Серија А со негов гол како стрелец се случи токму вчера и тоа во време кога Јуве делува уште помоќно откако го ангажираше Кристијано Роналдо.
Топ 5 голови на Пандев против Јуве