"Некако најлесно е директно да ги конфронтираш луѓето околу нивните верувања, ама ова ги поставува основите за расправа, и потоа тие одговараат со дополнување на расправата. Ако им кажеш на луѓе дека ова се заразни болести и дека има сериозни бенефити од вакцинирањето, можеш да имаш напредок кај луѓето со негативен став кон вакцините," објаснуваат истражувачите од Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес.
Во студијата тие анкетираат 315 родители за нивниот став околу вакцинирањето, и потоа ги делат во две групи. Првата треба да чита обемни научни студии кои докажуваат дека вакцините не предизвикуваат аутизам. Скептиците во оваа група, не биле ни најмалку разубедени. Втората треба да чита срцепарателно сведоштво од мајка која со брза помош го носи своето дете во болница откако неговите сипаници се влошиле и му го загрозиле животот. Потоа на вториве им покажале слики од долгорочни последици од сипаници.
"Откривме дека насочувањето на вниманието на луѓето кон ризиците од не вакцинирање, како сипаници и рубеола, и компликациите поврзани со овие болести, позитивно го промени ставот кон вакцинирањето - и ова важи и за најскептичните учесници во студијата. Всушност, најголема промена имаше кај најскептичните" изјавил ко-авторот на студијата, докторандот од Универзитетот на Илиниос, Закари Хорн.
До сега ова е прва студија која покажува дека противниците на вакцинирање можат да бидат разубедени. Претходната позначајна студија на темата од 2014-та, покажа дека ова е невзоможно.
"Луѓето кои се плашат од вакцините во крајна линија сепак се грижат за безбедноста на своите деца, па нашата манипулација се фокусира на безбедноста на нивните деца," објаснува Хорн.