Богаташите спречија Индија и Јужна Африка да произведат евтини ковид вакцини

Дозвола од Светската трговска организација ќе им овозможеше на земјите во развој да почнат да произведуваат генерички верзии на ковид-19 вакцини и лекови. Дозволата не беше дадена заради блокада од богатите членки на СТО, по основа дека таквото укинување на патентите би ја осакатило идната иновација.

Индија и Јужна Африка бараа привремено суспендирање на интелектуалната сопственост поврзана со ковид-19 вакцини и третмани. Ова, според двете држави ќе им овозможеше на тамошните фармацевтски компании да почнат да ги произведуваат вакцините, што ем ќе го забрза вакцинирањето на над една милијарда луѓе во светот, ем ќе го олесни товарот и притисокот врз производните линии на Фајзер, Модерна и слични.

Против ваквото барање енергично се изјасни најбогатиот дел од светот САД, Британија и ЕУ, на кои во моментов им е поважно да ја зачуваат интелектуалните сопственост на својата фармацевтска индустрија, отколку масовно производство на вакцините. Нивната забелешка им е дека паузирањето на интелектуалната сопственост околу вакцините ќе ги попречи „иновациите на фармацевтските компании бидејќи ќе ги лиши од стимулот да инвестираат големи средства во истражување и развој. Сето ова би било посебно контра-продуктивно за време на пандемија во која производителите на лекови треба да бидат на готовс за справување со вирусот што мутира“.

„Корпата“ од СТО се случува во момент кога дел од богатите земји продолжуваат со правењето залиха од милијарди дози ковид вакцини, повеќекратно поголема од нивната популација, додека во исто време сиромашните држави немаат никаков пристап до истите.      

5 февруари 2021 - 10:09