Во првата верзија на азбуката беа употребени апострофи за да се обележат сите звуци специфични за казахстанскиот јазик беа. Најчестата оценка беше дека сето ова е грдо. Во втората верзија се исклучија апострофи и на нивно место се употребија надредени знаци. Ако во првата, Република Казахстан беше „Qazaqstan Respy’bli’kasy,“ во втората тоа се претвори во „Qazaqstan Respýblıkasy“.
Друг проблем е што владата до 2025 планира комплетно да се префрли на латинично писмо, што е посебно амбициозна цел ако се има предвид дека најголемиот дел од населението на земјата подобро зборува руски отколку казахстански јазик.
Според пописот од 2016, две-третини од популацијата на земјата се Казахстанци, а околу 20% се етнички Руси. Благодарејќи на Советскиот сојуз, кога е во прашање јазикот, околу 94% од населението течно зборуваат руски, а на второ место со 74% е казахстански.
Соседи на Казахстан, како Азербејџан и Таџикистан, уште во 1991 односно 1993 решија да раскрстат со кирилицата и да се префрлат на латиница.
Цехот за овој проект се очекува да изнесува 664 милиони долари, од кои околу 90% ќе одат за образовни програми и печатење образовни материјали на новото латинско писмо. Само за компјутерски конвертор од кирилица во новата латиница ќе бидат потрошени 166 илјади долари.
Преводот на материјалот за предавање и учебниците ќе започне годинава, а учителите во забавиште и прво одделение, во 2020 ќе почнат да предаваат со нова јазична поддршка, и секоја година ќе се додава повисоко одделение.
Целиот проект е поделен во 3 фази:
Сето ова ќе значи промена на сите документи за идентификација на целото население (пасоши, лични карти, возачки...) и превод на сите можни закони и регулатива во земјата, две ставки кои не се влезени во буџетот.
Главната оцена е дека и покрај образовните и економски фактори наведени во корист на промената, главен фактор е желбата и намерата на Казахстан да раскрсти со советското минато и да го искористи јазикот и неговата азбука за зацврстување на својот национален идентитет.