Тврдењето е објавено во журналот Психолошка наука, во студија која забележува дека учењето на будизмот дека медитацијата помага во надминување на егото е во директен конфликт со аргументот на американскиот психолог Вилијам Џејмс дека вежбањето на која било дисциплина „создава чувство на само-подобрување (психолошкиот термин за зголемена саможивост.)“
Тимот од Универзитетот во Манхајм, ја тестира теоријата на Џејмс во контекст на јога и медитација. Тие ангажираат група луѓе која редовно практикува јога, и 15 седмици редовно го мерат нивното чувство на само-подобрување. Кога испитаниците се евалуирани во рок од еден час по завршување на часот по јога, тие покажале значително повисоко чувство на само-подобрување по сите три основи на тестот.
Втора и поголема студија регрутира луѓе преку Фејсбук групи посветени на медитација, и заклучува дека праксата има слично влијание на чувството за само-подобрување како и јогата.
Иако испитаниците и во двата случаи се чувствувале добро, тоа најчесто не било на начинот на кој е замислено во будизмот.
„Стишувањето на егото е централен елемент на филозофијата на јогата и на будизмот. Потребно е сериозно преиспитување на овој елемент и неговите претпоставени импликации.
Дополнително, стишувањето на егото често пати се споменува како објаснување на благосостојбата која произлегува од вежбите за ум и тело. Наспроти ова, ние забележавме дека вежбите за ум и тело го засилуваат чувството за само-подобрување и ова засилување - за возврат - ја подобрува благосостојбата,“ пишуваат авторите на студијата.
Алтернативно објаснување на ваквиот исход е дека сите учесници во студијата се од Германија и постои можност погрешно да медитирале и практикувале јога. Самиот начин на кој се практикува будизмот на Западот често пати е критикуван затоа што „не успева да се фокусира на несебичноста која треба да ги карактеризира целите на овој труд.“