Принципот на кој моментално функционираат депониите е собирање и набивање на ѓубрето на купови, кои преку ноќ се покриваат со слој земја, врз кои се пушта вода за забрзување на распаѓањето. (Откако владин панел пред една деценија призна дека водата кога пропаѓа во земја зад себе остава крајно отровни состојки, таа почна да се собира и да се преработува во посебни објекти.)
Предлог решението на тамошните власти е согорување на ѓубрето, што инстантно беше оспорено заради потенцијалот за испуштање отровни гасови во воздухот. Според планот, во првата фаза која треба да биде пуштена во погон до 2025, капацитетот ќе биде согорување на 3.000 тони ѓубре дневно, со методи кои властите ги нарекуваат "напредно согорување".
Втор предлог на властите е проширување на депониите, што е речиси неизводливо во просторно ограничениот Хонгконг. Овој предлог е во директен судир со обидите на тамошните власти да изградат објекти за домување, една од најдефицитраните ставки во градот.
Еден од проблемите е и тоа што во градот речиси и да нема никаква свесност околу пластичниот отпад, ниту пак желба да се работи на негово рециклирање. Дилемата за локалните активисти за справување со отпадот е зошто властите би потрошиле 2,4 милијарди долари на фабрика за согорување отпад, а не на центар за рециклирање.
Иако не објаснува зошто се решиле на согорување, причината за немање фабрика за рециклирање е што нема место за нејзе. (Ова првото ќе се гради на земјиште кое допрва ќе го создаваат во морето). Моментално градот најголемиот дел од отпадот што може да се рециклира го испорачува во земјите од југо-источна Азија. Во Кина не влегува ништо од отпадот бидејќи законот забранува увоз на пластика што не е исечена на парченца, а Хонгконг моментално нема таква машина.