Есенско небо било мирно над еден од најубавите крајолици во САД, њујоршките планина на Адирондак. Спокојот го распарувал само звукот од хеликоптерите кои го барале 28 годишниот Алекс Стивенс, дечко од Њу Џерзи кој пред две недели заминал и се изгубил во дивината.
„Она што го земал како опрема и топла облека е апсолутно инфериорно за условите во тој масив“, рекол еден од ренџерите кој учествувал во потрагата по Стивенс.
Сè повеќе градски ликови решаваат да заминат во „автентична авантура“ по околните планини, на неколкудневно пешачење и кампување. Се правело тоа отсекогаш, само што порано таквата одлука била проследена со истражување каде се оди, како е таму, се читале магазини, се разговарало со луѓе.
Денес градските шмизли на Фејсбук или Инстаграм ќе видат јака фотка со пејсаж и ќе ги зачеша и тие да се чекираат таму, со никакво предзнаење, вештина или опрема неопходна за престој и преживување во тамошните услови.
Само една спасувачк екипа од еден регион има по 250 интервенции годишно. Луѓево се уплашуваат, паѓаат, се повредуваат, се губат.....а ренџерите и доброволците се сè поуморни од тоа секојдневно да бараат залутани градски овци по планините.
Дополнителен проблем им прави тоа што од целата опрема што ја носат овие неподготвени авантуристи, најмногу му веруваат на својот мобилен телефон па ги зафаќаат 911 линиите и кога можат самите да си помогнат. Во околината на Лас Вегас имаат панични апели за спасување од лица кои се наоѓаат на 15 минути пешачење по градот.
Дел од случаите немаат среќа да се банални и завршуваат со фатални исходи. Ова лето на спомнатите Адирондак планини загинале дузина лица. И Алекс Стивенс подоцна бил најден мртов.