"Едноставно кажано, бомбастичните наслови со кои се опишуваат подвизите на Џон Оливер го пренагласуваат влијанието што овие настапи ги имаат во реалниот живот. Во најдобар случај овие наслови се пренагласување, во најлош, тие го засилуваат митот дека (лејт-најт) комедијата е ефикасна алатка за широка политичка промена," пишува Адам Фелдер во Атлантик.
Втор проблем е што луѓето кои сметаат дека Оливер уништил или растурил некој политичар или прашање, идеолошки најчесто се либерали. Кога конзервативен гласач би ги гледал истите "клипови референцирани од истите наслови, тој или таа не би виделе растурање, туку напротив напад од пристрасен медиум."
Фелдер објаснува дека сличен беше примерот и со Дејли Шоу (збори за времето на Стујарт) чија публика е политички поинформирана од останатите, мнозински либерална, "на ова додај дека гледачите од сите идеологии гледаат да изберат извор базиран на сопствената идеологија, и станува многу тешко за кој било од овие лејт-најт сегменти (Оливер, Саманта Би, Тревор Ноа) да стигне до кој било вон доминантно либералната публика."
"Затоа и не е тешко да се замисли сценарио во кое 'интересот' создаден од лејт-најт комедијата се сведува на засилување на галамата во рамките на ехо-комора. Сегментите се однесуваат на либерална публика која веќе е запознаена со прашањето, или веќе се сложува со позицијата на шоуто во однос на него. Ова објаснува и зошто интересот за темата исчезнува веднаш по завршувањето - истата публика само се сели на следниот сегмент што сакаат да го споделуваат во своите кругови.
Ова пак објаснува зошто лејт-најт комедијата ретко предизвикува промена на политиката - бидејќи го поништува сопствениот труд во моментот кога следниот сегмент се емитува," пишува Фелдер.
Она што Фелдер посебно го нагласува е дека текстот не е осуда на кој било водител (кои сами си ги признаваат сопствените ограничувања), ниту пак на оние што ги споделуваат клиповите од емисиите.
"Имајќи го ова предвид, дека овие сегменти не го менуваат исходот или политиките, и дека интересот за нив е прилично површен, време е да престанеме да се преправаме дека овие прогресивни лејт-најт шоуа имаат некоја попресметлива политичка моќ," порачува Фелдер.