„Преговарајќи го мирот“ на косовскиот драматург Јетон Незирај покажува дека дипломатијата на мирот е фарса, иако често неопходна. Станува збор за драматизирани преговори за мир помеѓу фиктивните завојувани земји Бановија и Унмикистан, претставени како комедија, иако со горчливи тонови.
Новото издание на „Шектин а Фул“ носи четири најсмешни моменти на неделата во НБА. На листата Шекил ги издвоил Расел Вестбрук, ѕвездата на Визардс, Паскал од Вориорс, Кузма од Лејкерс и Диало од Оклахома.
Авторот на овој „корисен“ прирачник немал намера да биде хумористичен. Ама така испаднало, поради буквалниот превод на куп зборови и изрази од португалски на англиски.
Звучи шашаво, ама изгледа помага - компании плаќаат на стенд ап комичари да им ги обучуваат вработените, за овие да знаат како да комуницираат, да раководат, да продадат. Сето тоа низ смеа и хумор.
Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.
Ако изминативе години живеевме во фаза во која не можеш да имаш стенд-ап без тој да биде „политички или општествено ангажиран“, за сега полека да преминуваме во фаза кога комедијата се исклучува од стенд-ап комедијата и остануваат само активистички и „ангажирани“ проповеди. И тоа веќе не се трпи, барем ако ти е до смеење.
Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!
Трчаат праволиниски и треба да отвораат четири очи да не промашат офсајд или друг прекин на игра па во таа ситуација и мафтаат со знамето кое знае да им одлета.
Иако причините за македонската поговорка „многу смеење не е на арно“ веројатно лежат во овдешната сомничавост кон рокот на траење на среќата и радоста, научна студија вели дека на оние луѓе кои најмногу ја засмејуваат рајата, смртта најрано им покажува кој последен се смее.
Германски филм што треба да го погледне секое дете, за да разбере што значи кога неговите баба или дедо веќе не можат да се сетат кои се самите, и кои се оние околу нив. И секој син или ќерка, кои кога нивните родители ќе станат сенилни ја сфаќаат вредноста на спомените.
Признаваме, по исходот од референдумот во Британија баравме филм кој би можеле да го поврземе со актуелната ситуација, како некое пророштво или социолошки коментар на британскиот менталитет. Не сме сигурни дека ова е тој филм, ама па е многу, многу забавен.
Филм којшто си игра со локалните стереотипи за различните делови на Франција, но и со генералната идеја на „провинција" и „примитивност". Одлична критика на локал-шовинизмот и на нашиот однос кон „другите“, дури и кога тие живеат само на десетина километри од нас.
За сезона и нешто Џон Оливер комплетно здроби еден кандидат за гувернер заради неговите лаги, заради лошата инфраструктура во САД со ист гнев му се истури на Конгресот, а во неколку наврати до темел го уништи Доналд Трамп. Од тогаш кандидатот стана гувернер на Кентаки, Конгресот го држи истиот рејтинг, а Трамп и понатаму има најголем број гласови меѓу Републиканците (вчера само што победи и во Њујорк).
Малиот Решфорд после два меча има 4 гола за Манчестер Јунајтед. Денес даде два против Арсенал (3:2), но славата му ја зема неговиот менаџер Луј ван Гал.
До сега преку чудото на холографската технологија „во живо" можеа да се видат починатите музички величини како Тупак или Мајкл Џексон. Но сега таква можност ќе добијат и фановите на добрата комедија.
Комедија базирана на бестселерот на Јонас Јонасон од 2009, сега претворен во еден од најскапите скандинавски филмови. Главен јунак: стогодишник кој на светот гледа не со сарказам, туку со благонаклона љубопитност и подготвеност за авантура. Звучи добро дури и за некој двојно помлад.
Aко сте го гледале Борат (а сте го), тогаш филмов нема да ви биде нешто. Ама тоа што сатирата овој пат е насочена не кон САД, туку кон Франција, е доволна за европски сеир.
Што може да е хумористично во врска со пропаднатите врски, стареењето и личните демони опишани во песните на Коен? Еден стенд-ап комичар се обидува меланхолијата да ја претвори во смеа.
Британските херои на комедијата се луѓе кои сакаат животот да биде подобар и на кои животот им се има посрано од страшна височина и чие чувство за достоинство е постојано компромитирано од разочарувањата што им ги приредува светот, објаснува Стивен Фрај.
Виолинистот Алексеј Игудесман и пијанистот Ричард Хјунг-ки Џу се актуелни кралеви на музичката комедија. Едно е сигурно - тие не посегнуваат по хуморот затоа што не знаат да свират.