
СЕРМО, социјалната мрежа за доктори, спроведува анкета на 1.300 доктори, од нив 735 (57%) сметаат дека Оз треба да си даде оставка од позицијата во Колумбија, 50 доктори (4%) дека на Оз треба да му се одземе лиценцата за доктор, а 280 доктори (22%) сметаат дека тој треба и да даде оставка и да му биде одземена лиценцата. Дополнителни 18% го поддржуваат Оз како доктор и не веруваат дека тој треба да направи што било.
Претходно, докторите во писмото го критикуваат Оз за "презир на науката" и негова "неосновано" противење на ГМО храна.
"Најлошо од се' тој манифестира незамислив недостаток на интегритет промовирајќи шарлатански третмани и лекови во интерес на сопствена финансиска добит," стои во писмото од докторите.