Поентата на истражувањето е да се видат моралните и етичките импликации за тоа како алкохолот влијае на носењето одлуки. За ова да го проверат луѓето на пијано требале да одговорат на стандардните филозофски дилеми - проблемот со трамвајот и проблемот со мостот. Кај првиот, со притискање копче можеш да пренасочиш залутан трамвај, со што ќе убиеш еден човек ама ќе спасиш петмина; кај вториот, трамвај оди кон група од 5 луѓе, ти стоиш на мост над шините, единствен начин да ги спасиш е на шините да турнеш еден голем маж што стои до тебе.
Колку повеќе биле пијани луѓето, толку полесно им било да донесат утилитарна одлука, дека - повеќе добро ќе направиш да спасиш петмина отколку да убиеш еден.
На истражувачите им е јасно дека пијаните не се врвни филозофи или логичари, туку нивната анализа е насочена кон утилитарната етика и претпоставката дека таа е поврзана со луѓе кои се помалку емоционални, а всушност "нашето истражување покажа дека тоа не мора да е точно."
Во студијата учествуваат 102 пијани мажи и жени (еден е дисквалификуван затоа што не ги следел правилата за одговарање), кои прво требало да пополнат прашалник и да пројдат тест за алкохол во крвта, за да видат колку биле пијани.