Од 2016 институтот Бергруен од Лос Анѓелес доделува признание на „мислители чии идеи ни помагаат да пронајдеме насока, мудрост и подобро разбирање на самите себе во свет кој рапидно се менува“. Првиот добитник беше канадскиот филозоф Чарлс Тејлор, а оваа година наградата оди кај американскиот социолог и теоретичар Патриша Хил Колинс.
Оваа работа е „циркус“, обично велиме за нешто што е несериозно и кое оттаму освен забава не може да понуди ништо поинакво. Всушност циркусот е институција пар екселанс, каде организацијата, дисциплината и напорната работа е секојдневие. Зошто тогаш тоа да не се искористи во подучување, на пример, филозофија?
Дури и денес примањето орган од донатор прави некаква невидлива врска помеѓу сопственикот и оној кому му е пресаден. Но приказната за еден пресаден нос од 17 век покажува колку буквално тоа се разбирало во минатото.
Жак Моно бил биохемичар кој заедно со двајца колеги ја добил Нобеловата за физиологија или медицина во 1965, за нивните откритија поврзани со генетската контрола на ензимите и синтезата на вируси. Но освен што бил биолог тој бил одличен музичар, филозоф и политички активист.
Најголемите модерни филозофи верувале дека црните и домородните народи во светот биле примитивни, инфериорни и дека за ова да се смени требало да им се наметне европско образование и просветителство. Дали расизмот на поединци влијае врз нивните филозофски системи, кои денес се изучуваат како врвно знаење?
Доаѓа од латинското pessimus, што значи најлош. Од Русо, Шопенхауер, Ниче, до Фројд, Ками и Фуко, западната мисла е полна со филозофи и автори кои сметаат дека ова не само што не е најдобриот од сите можни светови, туку дека веројатно е најлош.
Страв од болест. Страв од смрт. Сето тоа поттикнува ирационални верувања и однесувања кои можат да му наштетат на општеството. Еден римски поет и филозоф од петтиот век п.н.е. зборува токму за ова.
Кинески филозоф-легалист кого го споредуваат со авторот на „Владетелот“. Иако неговите идеи биле слични со оние на Макијавели, завршил повеќе како Сократ, пиејќи отров откако бил затворен од властите, по клевета на свој „колега“.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Професор по филозофија чии студенти покажале лоши резултати на колоквиуми, во 2014 одлучил да направи експеримент - да им понуди преодна оценка доколку тие му ги предадат мобилните нa неколку денови. Истиот го повторил неодамна. Еве ги резултатите и разликите.
„Стоицизам“ многумина ги асоцира на трпење и на потиснување чувства. Но класичниот концепт е всушност сосема спротивен и подразбира активен однос со околината и со себеси.
Наместо да е темел на вистината, знаењето е концепт од камено доба, кој ни штети во секојдневниот живот во модерниот свет. Тврдењата на авторот на овој есеј се можеби спорни, сигурно вознемирувачки, но нудат интересен агол.
Може на сите ѕвона да ни кажуваат како треба, но самите не се баш модели за однесување. Или што би се рекло народски - „не го слушај попот што зборува, туку гледај што прави“.
Вилијам Кингдон Клифорд не спаѓа во пантеонот на големите филозофи - можеби затоа што починал на само 33 години. Но иако живеел во 19 век, неговите идеи се пророчки за нашиот.
Можеби звучи како еден од оние наслови „Х кој направи тоа и тоа..“, но ова не е книга за самопомош, туку вистинска приказна, како и многу други запретана малку подлабоко во времето и памтењето.
Името на Јулија Кристева им е познато на книжевните теоретичари, критичари, психоаналитичари и феминисти. Бугарско-француски филозоф, таа уште од 1960-тите живее и работи во Франција. Неодамна излезе вест дека била соработник на бугарските тајни служби.
Ако „бавна храна“ беше реакција на „брзата“ и нездрава храна, сега движењето кое промовира да прикочиме, да се свртиме кон себе и кон блиските, и да се задлабочиме има нова и многу поважна цел - бавност на мислењето.
Среќниот добитник е Универзитетот Џонс Хопкинс, а донацијата се смета за најголема која некогаш ја добило универзитетско одделение за хуманистички науки.
Звучи како клетва упатена во афект од гневен родител („што те родив“), или како нешто што во моменти на очај човек си го кажува самиот на себе („камо среќа да не се родев“). Но чисто филозофски, дали постојат аргументи за тоа дека е подобро човек никогаш да не дошол на овој свет?
Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!
Имате ок работа и фин семеен живот, а сепак се чувствувате „празни“? Мислите дека веќе немате време за остварување на соништата од младоста? Ве плаши што повеќе од (замислената) половина од животот ви поминала, и кај и да е се гледа крајот? Добредојдовте во кризата на „средните“ години.