Вештачкото сонце на корејскиот нукјлеарен фузиски реактор (Superconducting Tokamak Advanced Research - KSTAR) успеал да постигне температура од 100 милиони целзиусови и да ја држи 20 секунди. Тоа е истата температура која Сонцето ја има во своето јадро, неговиот најврел дел.
Можеби 20 секунди не звучат многу, но целиот проект допрва се развива и е тотално импресивна инженерска шклопоција составена од преку милион компоненти.
Токамак е своевидна електрична централа на стероиди. Наместо стандардни горива или нуклеарна фисија (цепање атомоу, што би рекле на ТЛН), за генерирање енергија користи нуклеарна фузија, реакција во која две или повеќе атомски јадра со голема брзина се учукуваат. Токамакот има тороидална форма (кажи ѓеврек) во чиј канал се случува нуклеарната фузија а сето тоа е возможно благодарејќи на вакуумски контејнер кој успева да ја штити комората во која честички плазма вртат крукчиња без да ги допрат ѕидовите. Како и кај другите централи, идејата е еден вид енергија (овде топлинската) да се претвори во електрична енергија.
Нуклеарната фузија се случува постојано на Сонцето и други слични ѕвезди кога атоми на водород се фузираат со атоми на хелиум и притоа се ослободуваат температури од гаргантуовски пропорции. Кога една ѕвезда ќе го фузира сиот свој водород со хелиум, таа се гаси. Поголеми температури има само кај експлозија на ѕвезда, односно супернова, кога се ослободуваат милијарди целзиусови степени.
Следен предизвик за Корејците е да ја одржат постигнатата температура 300 секунди и сметаат дека тој бенчмарк ќе го постигнат во следните пет години.