Роспечат, федералната агенција за печат и масовни медиуми (поранешно министерство за печат), за 2022 од рускиот буџет доби за делење 1,064 милијарди евра (88,4 милијарди рубљи).
Од овие пари, сумата што во 2022 ја добива РТ е поголема за 17 милиони евра од буџетот што го имаше за 2021. Најголемиот дел од сумата, 312 милиони евра, се за функционирање на ТВ каналот, радио и интернет изданијата, како и негово емитување низ светот. Останатите 33 милиони евра се дедицирани за трошоците на германскиот огранок на Раша тудеј.
За РТ е предвиден отприлика сличен буџет и за 2023 и 2024. Од РТ зголемениот буџет главно го објаснуваат со промените на вредноста на валутите, велејќи дека главно исти пари земаат.
РТ е производ на новинската агенција РИА Новости, која ја формира ТВ Новости и во нејзините рамки го развива брендот РТ.
Следна на листата е ВГТРК, руската државна радио-телевизија, која стои зад канали како Русија 1, Русија 24, Москва 24, РТР Планета, Еуроњуз на руски јазик и.тн. ВГТРК од рускиот буџет ќе добие е 303 милиони евра.
Останатите поголеми официјални руски државни медиуми (МИА Росија сегоднаја, Прв канал, ОТР, ТАСС, Звезда) ќе добијат заедно вкупно 313 милиони евра, без некои значителни зголемувања во однос на буџетот од 2021. За сите останати помали државни медиуми, десетици главно локални канали, се одвоени 180 милиони евра.