Како Путин ги зазема медиумите

Како поранешен КГБ агент, а подоцна и прв човек на ФСБ, Путин ја знае вредноста на информацијата. Неговиот концепт за медиумите, сепак, е далеку од Првиот амандман. За него, ова е едноставна равенка: кој ги поседува медиумите контролира што тие ќе кажат, пишува Џил Дороти во анализата за Атлантик.

Таа разговара со главниот уредник на Ехо на Москва, независна руска радио-станица, Алексеј Венедиктов. Уредникот раскажува еден разговор со Путин уште од времето на неговиот прв мандат за тоа како тој смета дека медиумите функционираат: "Имаш сопственик, тој сопственик има своја политика, и за него тоа (медиумот) е инструмент. Владата исто така е сопственик и медиумите кои и припаѓаат на владата мора да ги извршуваат нашите насоки. А медиумите кои припаѓаат на приватни бизнисмени, мора да ги следат нивните наредби. Гледај го Мурдок. Што он ќе каже, тоа ќе биде."

Дороти објаснува дека медиумската стратегија на Путин се состои од два дела: дома, неговата влада има контрола на внатрешните комуникации "претежно телевизијата, која ја гледаат барем 90% од населението, ама исто така и весници, радио стани и се повеќе интернетот... Во исто време, во светот Путин се позиционира како одметник, развивајќи ја хипер-модерната РТ (поранешна Русија Тудеј) за да го разбие Западниот монопол врз 'вистината.'"

Претставата на Западот за тоа како се врши преземањето на медиумите од страна на руската влада е комплетно погрешно, и во основа се базира на тоа дека Кремљ испраќа битанги кои вршат пуч во медиумите и го преземаат управувањето.

"Но во Русија има други начини за контрола на медиумите - помалку драматични, помалку очигледни, ама подеднакво моќни.

Секако дека можеш да собереш група мажи, да им дадеш оружје и да ги пратиш да освојат некоја редакција. Ова се случи во октомври 1993-та кога руските законодавци се побунија против претходникот на Путин, Борис Елцин. Тие не успеаа, ама 69 луѓе загинаа во нападот на телевизискиот центар Останкино. Во 2000-та, кратко откако Путин беше инаугуриран за претседател на Русија владините сили упаднаа во компанијата мајка на НТВ, и почнаа да запленуваат документи. Властите упадот го оправдаа со бизнис несогласувања, тврдејќи дека сопственикот на НТВ на своите кредитори им должи 300 милиони долари и не сака да ги плати. Една година подоцна каналот го превзема Газпром-Медиа. НТВ и понатаму е еден од најголемите канали во Русија, ама сега е поблизок до Кремљ.

Меѓутоа има и модерен пристап без крв: изврши притисок и чекај. Донеси закони кои го ограничуваат просторот за независните медиуми. Постави правни замки, по основа на анти-терористичка легислатива. Испраќај даночна полиција да извршува бескрајни инспекции на непослушниот медиум или нивните бизнис соработници, притоа отфрлај дека политичките ставови имаат врска со тоа. Немој да ги убиваш, само осакати ги. Обиди се да ги потиснеш во нерелевантност," ја објаснува Дороти методологијата за контрола на медиумите.

целиот текст тука

22 април 2015 - 11:22