По купувањето, капацитетот со кој Безос официјално е вклучен во работата на весникот се сведува на:
- Едночасовен конференциски разговор со директорите на Вашингтон пост, еднаш во две недели.
- Два пати годишно менаџерите на Пост пристигнуваат во Сиетл на еднодневна сесија за стратегија со Безос.
- Повремено форвардирање на мејлови со поплаки од читателите кои стигнале кај Безос.
Освен ова, првиот човек на Амазон комплетно се воздржува од какво било коментирање на новинарството на Вашингтон пост, а од купувањето во 2013-та тој само неколку пати ја посетува редакцијата на весникот.
Главната соработка на Безос е со техничкиот оддел на весникот и ЦИО-то на Пост, Шаилеш Пракаш, со кој работат на унапредување на дигиталниот дел на медиумот. Пост веќе ангажираа и неколку инженери од Амазон, а и постојано се во координација со луѓето за податоци од Амазон, со кои работат на тоа како да им понудат подобри поврзани стории на читателите.
Како резултат на ова во последниве два месеца Пост имаат поголем број на американски посетители од Њујорк Тајмс.
Меѓу притисоците што вработените ги чувствуваат по преземањето од Безос, е што сега нивните статии мораат да носат високи нивоа на веб-сообраќај. Колку и да е ова спорно за новинарите, извештаите покажуваат дека под Безос интернет сообраќајот на Пост е зголемен за три пати. Од друга страна дневниот тираж и понатаму им е во константен пад, за околу 18% од доаѓањето на Безос.
По купувањето Безос одлучува и да ангажира повеќе млади новинари, дескаџии, кои ги покриваат дневните настани, што ги ослободува ветераните повеќе да се посветат на истражувачко новинарство. Годинава Пулицер за покривање национални теми освои Карол Леонин од Пост, за текстовите околу американската тајна служба.