Еволуција на лажните вести

Откако мина првата генерација лажни вести а луѓето полека почнаа да ги препознаваат, пишувачите на лажните вести сега се принудени да стануваат креативни и да смислуваат нови начини како да ги надмудрат читателите.

Првиот бран на информативни манипулации беше прилично груб и брутален. Најобични лажги со опашки, со јаки наслови. Според истражување на Институтот Пју, денес 84% од возрасните тврдат дека можат да препознаат лажна вест.

А тие што го работат тоа, треба ли да јадат? Затоа сега се принудени да покажат поинаква креативност па смислуваат нешто пософистицирани техники за извртување на работите и манипулација на публиката.

Неколку нови финти:

* Променување на Фејсбук наслови и постови
* Погрешни атрибуции на настани (да се извади старо видео од друг контекст за да послужи во некоја актуелна тема)
* Измислување на непостоечки институти и тинк-тенкови на кои се повикува веста.

Ама и онака не треба да се биде преголем оптимист дека публиката веќе отворила очи. Едно сатирично парче во Њујорк Тајмс кое деновиве го реметеше Пол Рајан дека слуша песна од Папа Роуч, стана толку масовно споделувано што авторот дополнително мораше да потврди дека се работи за фото-монтажа.

А Папа Роуч дополнително му се насра на конзервативецот.

Што е следно во оваа област на лажни вести? Озбилни заебанции се на повидок. Студија од Стенфорд покажува до каде е дојдена технологијата која може да промени нечија фацијална експресија во реално време. Погледнете што може да се направи од Џорџ Буш од едно негово интервју:

 

30 март 2017 - 12:03