Таг: манипулација

Пример за „сечена-лепена-монтирана“ фотографија од 1902

Лажните вести и монтираните фотографии ги поврзуваме со современите технологии, кои им нудат можност дури и на понеписмените во оваа област да експериментираат или намерно да манипулираат. Ама човечката природата одамна била лажовна, па дури и кога било покомплицирано, фотографиите се „фотошопирале“ рачно.

Подгответе се за пост-корона манипулација на здравиот разум

Во моментов никој (или речиси никој) не спори дека ситуацијата е сериозна и дека треба да се однесуваме соодветно. Но кога работите ќе слегнат, може да се очекува феномен познат како „геслајтинг“ - психолошка манипулација чиј резултат би требало да биде бришење од меморијата на она што се случило, за животот (читај: потрошувачката) да се врати на „нормално“.

Што точно се подразбира под „болест“?

Дали во последно време сте забележале дека по секој преглед (особено во приватни медицински установи), иако можеби добивате слични резултати од испитувања како порано, вредностите поинаку се толкуваат?

САД се последни кои треба да се жалат на странско мешање во изборите

„ЦИА секогаш успеваше да најде ентузијастички партнери меѓу локалните елити кои се спремни да се усогласат со нејзините барања за да добијат помош во нивната борба со домашните политички опоненти“, пишува американски професор во статија за тоа како САД, кои сега се мета на руско мешање во нивните внатрешни прашања какви што се изборите, повеќе од 70 години го прави токму тоа низ целиот свет. 

„Мнозинство“ - театарска претстава во која публиката гласа за етички прашања

Eдна од мааните на директната демократија е што гласачот, кој инаку се колне дека разумно расудува, може да биде манипулиран така за на денот на изборите да заокружи опција која инаку не би му паднала на памет. Една претстава се обидува да покаже како се случува тоа. 

Еволуција на лажните вести

Откако мина првата генерација лажни вести а луѓето полека почнаа да ги препознаваат, пишувачите на лажните вести сега се принудени да стануваат креативни и да смислуваат нови начини како да ги надмудрат читателите.

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.