Прво причина за ова е што најголемиот број на луѓе денес обично заглавуваат на неколку најдостапни видови месо, без да се трудат да го прошират менито со нешто ново.
При ова треба да имаме во предвид и дека секое пиле нема вкус на пиле, и дека пилињата што сме навикнале да ги купуваме во супермаркетите се од еден сој, кој е специјално одгледуван заради брзината со која расте и тежината кој ја достигнува.
Причината зошто се што е надвор од регуларната исхрана, се идентификува со пилешко има потекло во еволуцијата.
Меѓу научниците постои консензус дека кокошките и останатите птици се директни потомци на диносаурусите.
"Бидејќи наоколу нема диносаурус за да се проба, тогаш треба да ги земеме во предвид другите живи блиски роднини на диносаурусите, а тоа се крокодилите, кои потекнуваат од пред 250 години," пишува во својата колумна Џексон Ландерс, автор на книгата Eating Aliens.
Алигаторот по вкус е многу сличен на пилешкото месо. Мускулите им се првенствено направени од бело месо. Нозете на алигаторот може да се подготвуваат исто како пилешки крилца и на крај имаат и вкус како џиновски пилешки крилца.
Враќајќи се уште наназад во еволуцијата, Ландерс објаснува дека денешните рептили се во сродство со кокошките преку групата на животни позната како диапсиди, кои потекнуваат од пред 300 милиони години. Од оваа група потекнуваат змиите и гуштерите.
"Го имав задоволството да изедам убав асортиман од овие примероци: црна игуана, зелена игуана и различни змии. Она што е заедничко за сите е дека по готвењето вкусот и бојата на месото е исто како пилешко, единствено текстурата се разликува," објаснува Ландерс.
Друга група на животни поврзани со диапсидите се желките, кои зготвени, по вкус не можеш да ги разликуваш од пилешко.
Уште едно скалило наназад во еволуцијата, пред диапсидите, се првите амфибии. Денес нивни наследници се жабите, кои пак комплетно и по текстура и вкус се идентични на пилешкото.
Враќајќи се уште наназад, стигаме до рибите и тука завршуваат сите сличности со пилешкото. За ова има две главни причини. Прво тука е хемикалијата наречена триметиламин која го дава карактеристичниот мирис на риба. Потоа текстурата која се разликува заради структура на мускулите на рибата и живината.
Ландерс заклучува дека отприлика пред 350 милиони години се на земјата почнало да има вкус на пилешко и тоа се провлекува до денешното мени, каде различните неидентификувани вкусови ги ставаме во фолдерот - пилешко.