"Зафаќа вредна плодна површина, потребни и се фосилни горива за да биде чувана во ладилник додека е транспортирана низ цел свет, и освен крцкавост ништо не придонесува кон оброкот," пишува Тамар Хаспел за Вашингот пост.
Според неа зеленчуците за салата имаат бедно ниски ниво на хранливи материи, а најголем "грешник" меѓу нив е зелената салата, кој е и најголем расипник на ресурси. На индексот за хранливост - колку од 27-те хранливи материи се содржат во 100 калории од некоја храна - четири од петте најдолни места се состојки за салата: краставици, ротквици, зелена салата и целер. (Петата состојка е модар патлиџан.)
Објаснувањето за ова е што тие речиси целите се вода. Ова е карактеристично за секој зеленчук (благиот компир, кој е еден од најмалку воденестите, е 77% вода), меѓутоа кај овие четири состојки од индексот, водата се движи меѓу 95 и 97 проценти.
"Главица ајсберг салата има иста количина вода како и шише Евијан (1 литар: 96 проценти вода, 4 проценти шише) и е само маргинално похранлива," објаснува Тамар.
По оваа логика ако некој зеленчук е и 90% вода, на еден килограм тој пак има двојно повеќе работи од зелената салата кои не се вода, и во кои има хранливи материи.
"Зелената салата е само возило за превоз на вода од фармата до масата. Кога ќе се свртиме кон зеленчуците кои се два пати похранливи - како домати, брокула, карфиол или боранија - не само што ќе ослободиме половина од површината која сега ни е потребна за зелена салата, туку и ќе заштедиме на фосилни горива и други ресурси потребни за транспорт и чување," пишува Тамар.
Втор аргумент е што салатите не' наведуваат на погрешни избори, па се прелажуваме дека салата е се' што во името го име зборот салата, а не е. Примери за ова е цел фолдер јадења од Руска и Француска, до Цезар или Шеф салата.
Третиот аргумент е дека зелената салата има неколку негативни први места. За почеток таа е главен извор на отпадоци од храна со околу 450 милиони тони фрлена зелена салата годишно (во САД). Она што е пострашно е што таа е и главниот носител на болести кои се пренесуваат преку храна и во периодот од 1998-ма до 2008-ма, на неа отпаѓаат околу 22% од сите болести од оваа група (бројката е за САД и во неа влегуваат и други лисести растенија како спанаќ, зелка...).