Август на HBO

Нome Box Office, водечката премиум телевизиска мрежа во Македонија, на своите гледачи, во месец август, им подготви многубројни премиери на блокбастери, серии од оригиналната НВО продукција, нови сезони на хит-серии и премиерни документарни филмови. Освен премиерите на хит филмовите „Ако останам", „Беси", „Потекло на окото", „Лавиринт: Невозможно бегство" и „Годзила", во продолжение ги издвојуваме најинтересните наслови кои ќе се прикажуваат во август на НВО и HBO Comedy каналите, како и преку услугата на видео на барање HBO On Demand.

ФИЛМСКИ ПРЕМИЕРИ

Снимен според истоимениот бестселер на авторката Гејл Форман, филмот „Ако останам“,  е приказна за животот, љубовта, музиката и надежта која не смее да нè напушти ни во најтешките моменти. Екранизираната приказна на Р.Ј. Картер ќе се емитува на 2. август во 20:05 часот. Животот на младата Мија (Клои Грејс Морец), после сообраќајната несреќа поради која запаѓа во кома, драстично се менува. При едно вонтелесно искуство, таа мора да одлучи дали да се разбуди и да живее живот кој е различен од тој што го замислила. Изборот е нејзин, ако може да продолжи.

Актерката номинирана за Оскар, Квин Латифа, ја игра легендарната блуз пејачка Беси Смит во HBO драмата „Беси“, на познатата режисерка Ди Рис. Филмот раскажува приказна за трансформацијата на Беси од млада пејачка која сака да успее во најуспешна артистка од дваесетите години на минатиот век и музичка икона на денешницата. Низ годините, Беси Смит била инспирација на многу славни пејачки како Били Холидеј, Арета Френклин, Џенис Џоплин и Нина Симон. Премиерата на филмот „Беси“ е закажана на HBO за 9. август во 20:05 часот.

„Потекло на окото“ (16. август во 20:05 часот) раскажува за д-р Ијан Греј (Мајкл Пит), молекуларен биолог кој го изучува развојот на окото. По кратката средба со извесна необична девојка (Астрид-Берже Фризби), која исчезнува без поздрав, сфаќа дека работата премногу влијае на неговиот живот. Продолжува со истражувањата и неколку години подоцна, со неговата лабораториска партнерка Карен (Брит Марлинг) доаѓа до неверојатно научно откритие кое има подлабока смисла и ги комплицира неговите дотогашни научни и духовни убедувања.

Томас се буди во мрачен лифт. Меморијата му е избришана и единствено нешто на што се сеќава е неговото име. Штом ќе се отвори вратата од лифтот, ќе го заслепи силна светлина и ќе биде опкружен со група млади луѓе, кои како и самиот тој, не се сеќаваат кои се и како стигнале таму. Филмот „Лавиринт: Невозможно бегство“, кој премиерата на HBO ќе ја има на 23. август во 20:05 часот, е заснован на бестселерот на Џејмс Дашнер. Режисер е Вес Бол, а глумат Дилан О Брајан, Томас Броди, Каја Скоделарио...

Најценетото чудовиште на светот е повторно родено, кога режисерот-визионер Гарет Едвардс („Чудовишта“) ја осмислил акционата авантура „Годзила“, која премиерно ќе ја гледаме на HBO на 30. август во 20:05 часот. Меѓународната актерска екипа ја сочинуваат Арон Тејлор-Џонсон, Кен Ватанабе, Елизабет Олсен, Жулиет Бинош и Сали Хокинс. Ова е сликовита приказна за човековата храброст и помирување во судирот со несовладивите сили на природата, во моментот кога застрашувачкото суштество ќе стане да воспостави рамнотежа, додека човештвото беспомошно стои.

И каналот HBO Comedy е подготвен на гледачите да им го освежи топлиот август. Покрај филмовите „Улица Скок бр. 22“ (21. август во 18:10 часот), „Ајде, Еди!“ (2. август во 23:00 часот), „Авантурите на Плуто Неш“ (9. август во 15.50 часот), „Малиот Ники“ (14. август во 18:30 часот), ви подготви и филм со две номинации за Златен глобус – „Кодош!“ (21. август во 18:10 часот), со оскаровецот Мет Дејмон во главната улога.

Сите овие филмови од датумот на емитување на HBO и HBO Comedy ќе бидат достапни и преку услугата на видео на барање HBO On Demand.

 

ПРЕМИЕРИ НА СЕРИИ

НОВА HBO СЕРИЈА „ПОКАЖИ МИ ХЕРОЈ“

„Вистински детектив II нè напушта на 9. август, кога HBO ќе ја емитува последната, осма епизода од втората сезона. Местото на детективските и крими приказни, од 17. август ќе го завземе серијата од оригиналната HBO продукција, „Покажи ми херој“, која својата ексклузивна премиера ќе ја има во Македонија, во исто време како и во САД, ноќта помеѓу недела и понеделник, во 2:00 часот по локално време на 17-ти, 24-ти и 31-ви август, кога ќе бидат емитувани по две епизоди, кои ќе бидат веднаш достапни и преку услугата на видео на барање HBO OD.

Гледачите од 17. август ќе можат да уживаат во оваа мини серија и во ударниот термин - секој понеделник во 20:05 часот ќе се прикажува по една епизода.

Шестнеделната приказна „Покажи ми херој“, на сценаристот Дејвид Сајмон и режисерот Пол Хагис е базирана на истоимената книга на Лиза Белкин која ја истражува идејата на домот, расата и општеството низ животите на одбрани познати личности, бирократи, активисти и обични граѓани на Јонкерс во државата Њујорк. Оваа драма ни носи и одлична актерска екипа: Оскар Ајзак, Кетрин Кинер, Алфред Молина, Винона Рајдер, Латања Ричардсон Џексон...

 

РЕЈ ДОНОВАН, 3. СЕЗОНА

Тој и понатаму сака моќ, пари и место на чело на семејството, бидејќи тоа се и желбите на оние кои живеат богато и славно. Токму така се одвива животот на Реј Донован кој ги врши валканите работи за познатите и моќни личности од Лос Анџелес. Во оваа драмска серија, Лив Шрајбер го глуми Реј Донован, човекот кој може да направи да ги снема сите проблеми на градската елита. Новата сезона на оваа хит серија пристигнува на HBO во петок на 7. август во 21:05 часот, додека корисниците на услугата видео на барање HBO OD ќе може премиерно да ја гледаат од 13. јули. 

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА СЕРИЈА „ДИРЕКТНО“

До 24. август НВО ќе продолжи да ги емитува ексклузивните епизоди од оригиналната HBO продукција „Играчи“ и „На работ“, кои се прикажуваат во исто време како и во САД: „Играчи“ во понеделник во 4:00 часот и во 21:05 часот, односно „На работ“ во понеделник во 4:30 часот и во 21:35 часот. Последниот ден од август, во 21:05 часот на НВО пристигнува новата серија „Директно“,  приказна за Волтер Блант (го игра Патрик Стјуарт), британски водител на вести кој сака да го освои светот на американската кабелска телевизија.

ПОВРАТЕН УДАР, 4. СЕЗОНА

Четвртата и последна сезона на Cinemax драмата „Повратен удар“ во јули и август ќе можете да ја следите преку нашата услуга на видео на барање – HBO On Demand. Возбудливата драмска серија ни ги претставува Стоунбриџ и Скот (членови на тајната антитерористичка едининца C20) кои се наоѓаат пред најопасната задача во кариерата: мораат да се соочат со глобална опасност која потекнува од мрежа на немилосрдни меѓународни терористи. Режисер на серијата е Мајкл Џ. Басет, а во главните улоги ги гледаме: Филип Винчестер, Саливан Стејплтон, Мишел Лукас, Робсон Грин, Милон Џексон.

HBO Comedy во август ни ги носи и премиерите на новите епизоди од VI сезона на серијата „Средина“ (секој вторник, среда и четврток во 20:00 часот), како и новите епизоди од оригиналната HBO серија „Минатата недела вечерва во Џон Оливер“ кои ќе ги гледаме секоја сабота во 21:30 часот.

Во август на HBO Comedy се враќа и хумористичниот специјал „Гето кловнот на Џон Легвизамо“. Во адаптација на својот наградуван настап, Џон на 2. август во 20:25 часот ќе ја поведе публиката на едно урнебесно и емотивно патување низ подемите и падовите на неговиот личен и професионален живот.

ПРЕМИЕРНИ ДОКУМЕНТАРЦИ

НВО во август продолжува да емитува нови документарни приказни, така што љубителите на овој жанр уште во првиот четврток од месецот ќе ги пречека „Посвојување: Конкурс за родители“ (6. август во 21:40 часот). Чешкиот документарец на режисерката Алис Нелис, набљудува неколку брачни парови кои од различни причини одлучиле да посвојат деца. Ги испитува големите промени во односите помеѓу паровите по доаѓањето на новите членови на семејствата.

„Германски пасош“ (13. август во 21:40 часот) е приказна за една од најголемите трговии со луѓе во Европа по Втората светска војна, организирано систематско продавање на целата германска популација на Романија во Западна Германија. Филмот на Георгеско Разван се фокусира на индивидуални приказни за луѓе директно поврзани со таа трговија.

Документарецот на НВО Европа „Тото и неговите сестри“ моментално е огромен хит на меѓународните фестивали, а на НВО премиерно ќе се емитува на 20. август во 21:35 часот. Режисерот Александер Нанау нè запознава со Тотонел (10) и со неговите две постари сестри, кои чекаат мајка им да се врати од затвор. Додека растат, тие учат како самите да преживуваат, во надеж дека кога ќе се врати мајка им, нивното семејство повторно ќе биде заедно. Овој документарец ги разбранува медиумите кои масовно пишуваат за него, а ниту членовите на жиријата на меѓународните фестивалите не останаа имуни на Тото и неговото семејство. Овој документарец е прогласен за најдобар во Цирих, Варшава, Минхен, Лајпциг, додека во Сан Себастијан и во Трансилванија е номиниран во категорија за најдобра режија, односно најдобар романски документарец. Ова потресно остварување ќе може да го види и публиката на сараевскиот филмски фестивал, каде ќе биде прикажан во натпреварувачкиот програмски дел.

Последниот документарен четврток во овој месец е резервиран за уште еден наградуван филм на НВО Европа, документарецот „Каиновите деца“ (27. август во 21:50 часот). Приказната зборува за тоа дека тојца мажи направиле убиства додека биле деца. Младоста ја поминале во најсуровиот затвор во комунистичка Унгарија, каде се и снимени за првпат. Вознемирувачките, архивски снимки ги прикажуваат како во детали зборуваат за своите злосторства. Документарецот „Каиновите деца“ е прогласен за најдобар филм во регионална конкуренција на овогодинешниот „Загреб Докс“, а ќе биде прикажан и на овогодинешниот сараевски филмски фестивал во натпреварувачкиот дел од програмата.

Сите филмови ќе бидат достапни и преку нашата услуга на видео на барање - HBO On Demand.

(комерцијален текст)

31 јули 2015 - 16:49