Долгогодишната упорност со која што работат корпорациите (а и замореноста на јавноста од константниот бараж) успеа да убеди стотици милиони, инаку разумни, луѓе низ светот, дека големите проблеми на човештвото се предизвикани од нивниот личен избор, а не од алчните корпорации кои го корумпираат комплетното глобално законодавство со цел тие на крај да излезат чисти и без последици од масовниот помор што и го прават на планетава.