Занимливости

Амазон, од а до п

Корпоративниот гигант станува еден од најсериозните непријатели на планетава. Луѓе пресметале дека во една година, Амазон зад себе остава пластика со која може целата планета да се опаша 500 пати.

Рециклирањето пластика е чиста измама

Концептот одлично функционира на хартија и теоретски стои на здрави темели, но во пракса колабира на секој чекор, освен во делот каде ти го трошиш своето време за сортирање на отпадот.

Што со елката?

Знаете ли колку загадување прави една природна новогодишна елка, особено во случај да ја фрлите, а не горите? Добро е, ние сме со вештачка елка? А знаете ли дека вештачка е бетер?

Пристигнаа

Сред карпестите вукојебини во Јута откриле сјаен монолитен блок кој потсетува на оној од Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик. Властите не ја откриваат локацијата, да не нагрнат луѓе на селфи - аџилак и слични падавичарења.  

Македонскиот меѓу 10-те најстари јазици на светот

Еден културен странски сајт решава да пишува за настарите јазици во светот кои и денес се користат и меѓу десетте најстари, го става и македонскиот. Бугарите веројатно почнале да им се бунат, ама овие им одговориле лабаво: примивме на знаење, бркајте работа. 

Дали живееме во симулација? Шансите се 50:50

Го имате ли и вие сè почесто чувството кое ви го раѓа хаосот и апсурдите на секојдневието поради кои помислувате: „Не е можно ова! Некој мора да се заебава со нас!“ Бидете така. 

Пандемија на измами во светот на шахот

Пандемијата доведе до огромен скок на популарноста на шахот, особено на онлајн играњето на оваа древна игра. Но, истовремено тоа доведе и до поплава на измамници кои до вчера биле трупови а денес играат како велемајстори.

Трупови по математика се цареви за лажни вести

Тој што е слаб со бројки е поподложен на дезинформации и лажни вести поврзани со актуелната здравствена криза. А старите, иако ги мислиме завеани, се држат сосема добро.

Проаѓа ли човештото низ брза еволуција?

Сè повеќе деца се раѓаат без умници. Сè повеќе луѓе имаат артерија на подлактицата. Или дополнителни коски во екстремитетите.

Слепи по свој избор

Ако ви побараат да направите избор меѓу две работи - две лица или двајца политичари - веројатно сте убедени дека добро ги знаете причините зошто сте одбрале А наместо Б. Но, дали е така? Шведски психолог мисли дека не е.

Венера, примаш ли гости?

Венера секогаш му била втора виолина на Марс во очекувањата да најдеме живот во нашиот млечен комшилук. Но, откривањето на гас кој сугерира нешто живо таму, ги менува работите. Уште да смислиме што можеме да пратиме ние од нашава планета а што ќе може да ја издржи температурата (близу 500 целзиусови степени) и притисокот (речиси 90 пати поголем од овде) на таа планета.   

Во улога на политичари, младите стануваат Тито Петковски

Што би се случило доколку на 1.000 тинејџери им се даде да ја водат државата? Ништо ново, покажува документарец за еден таков експеримент.

Расел Кроу ја помогна бејрутската биртија на Бордејн

„Некој кој се вика Расел Кроу штотуку даде великодушна донација“, обелодени иницијаторот на иницијативата за обнова на разрушениот бејрутски ресторан Леш Шеф, еден од омилените ресторани на покојниот Ентони Бордејн. Потоа се јави Расел Кроу за да каже дека е тој Расел Кроу.  

Италија ги отвори винските пенџериња

Ресторани во Фиренца и други места почнаа повторно да ги користат малите отвори низ кои векови наназад, во време на епидемии, им било давано вино на муштерии од пристојна социјална дистанца.  

Никнало цвеќе прастаро

Научници успеале да оживеат растение од семе старо 32.000 години. Со тоа го срушија досегашниот рекорд за цели 30.000 години. А на некој, патлиџан ќе му порасне и ене го одма на Инстаграм.

Ни бебињата не брзаат да се родат во ваков свет

Додека оваа пролет се прогласуваа карантини и се препорачуваше да се седи дома, луѓето од неонаталните одделенија за интензивна нега забележале видлив пад во бројот на предвремно родени бебиња. Во некои случаи падот е драстичен.

Двојка од Флорида уапсена зашто продавале билети за Рајот

Насловот е бонбона ама деталите од веста се уште појаки. Ајде да видите за што биле парите од картите и кој е крив.

Црна дупка која јаде едно сонце на ден

Астрономите лани открија една монструозно голема црна дупка а сега успеале да направат проценка на нејзината маса и стаписани се од нејзиниот гарантуовски апетит: за да остане во форма, црната дупка јаде по едно наше сонце дневно.

Тие уште појаси не ставаат, маски ќе носеле

Западни медиуми мораат да се враќаат во минатото и да потсетуваат дека на многу сличен отпор на денешните маски, своевремено наидоа и појасите во автомобилите. Во земја во која масовно се ставаат лажни лаживчиња или појасите се врзуваат зад седиште, нас не мора да нè потсетува минатото. 

Оф мори мајко: Многу дрвја не било на арно

Еве ни уште еден шокантен пресврт и тоа во нешто што го мислевме за интуитивно разбирливо и сосема неконтроверзно поправање на штетата која човекот ја прави на планетата: да садиме што повеќе дрвја. Тоа може да донесе повеќе зијан отколку ќар, предупредуваат новите сознанија.

Која пандемија? Крузерите повторно се пребукирани.

Кога ќе се случи некоја беља која нè погодува сите, многумина се надеваат дека тоа може да биде пресвртен момент за човештвото да ги среди своите приоритети и да го преиспита своето однесување. „Ништо веќе нема да биде исто!,“ ќе мора да се подвикне од копно за да слушнат оние кои ни мавтаат од палубите на луксузните крузери. 

Братот на Пабло Ескобар го тужи Епл за 2,6 милијарди долари

Му продале телефон за кој тврделе дека е непробоен ама му бил хакнат и со тоа му била нанесена емотивна вознемиреност и се чувствувал понижен. Па со пар милијарди долари, самохраниот брат малку од малку да ги закрпи своите рани.

Зошто вториот бран од шпанската грозница бил толку смртоносен?

Таман кога светот помислил дека куртулил од првиот бран, доаѓа втор, со мутирана и многу посмртоносна верзија на вирусот. А врвната медицина и наука од тоа време, цело време бараат лек за бактерија. Кои се наравоученијата?

Жената која прва ја виде круната

Коронавирусот го има добиено името по специфичната круна/ореол кој го има вирусот кој инаку е сличен на оној на грип. Кога Џун Алмеида во научен магазин го пријавила она што го открила, била одбиена со образложение дека тоа е обичен вирус на инфлуенца, само лошо снимен.