Научници креираа радио порака која ќе биде испратена во длабоката вселена, во надеж дека таа ќе биде примена и разбрана од некоја интелигентна вонземјена цивилизација.
Пораката е апдејтирана верзија на познатата Аресибо порака која се емитуваше во 1974 година. Бродкастирана од истоимениот радио телескоп во Порторико, таа се состоеше од 1.679 бита, бинарно претставени во 73 линии и 23 карактери.
Новата порака содржи многу повеќе информации и освен за локацијата, преку графички информации и специјални знаци зборува за постоење бројки, елементи, ДНК, тло, океани, луѓе... а има и наслов и крај составен од примарни броеви. Ваква порака можат да разберат некои кои се развиени барем колку нас.
Иако некои тврдат дека е тоа добра идеја, така не мислеше покојниот космолог и астрофизичар Стивен Хокинг кој во многу наврати предупредуваше дека „не треба да си го бараме“.
Тој ја поддржуваше потрагата по вонземни облици на живот, но со слушање и гледање, не со активно повикување на непознати дојденци.
Поуката за тоа би требало да ја извлечеме од нашето искуство.
„Ако ја гледате историјата, контактот меѓу луѓето и помалку интелигентните организми најчесто завршувало катастрофално од нивна гледна точка. Истото би можело да се случи при средба на една развиена цивилизација со цивилизација која има попримитивна технологија. Вонземјаните може да бидат толку помоќни од нас, што не би гледале во нас нешто покорисно отколку што ние тоа го гледаме во бактериите“.
Стивен Хокинг порача дека ако некој ден добиеме порака од егзопланетата Глисе 832 ц, која се смета за потенцијално населива локација, треба добро да размислиме дали воопшто да одговориме на пораката.