Паоло Нори бил известен од универзитетските служби дека неговиот курс се одложува на неодредено време за „да се избегне каква било контроверза, посебно внатрешна, во време на силни тензии“.
Нори требало да одржи предавања околу Достоевски и неговото дело. Се работи за четири предавања по 90 минути, кои се бесплатни и отворени за сите.
„Сфаќам дека тоа што се случува во Украина е ужасно, и ми доаѓа да плачам од самата помисла. Но она што се случува во Италија е пресмешно.
Не само што денес е погрешно да си жив Русин во Италија, туку е погрешно да си и мртов Русин, кој бил осуден на смрт во 1849 затоа што прочитал забранета работа. Тоа дека италијански Универзитет може да забрани предавања за автор како Достоевски е неверојатно,“ порачува Нори.
По објавата на Нори на социјалните мрежи, јавноста (меѓу кои и поранешниот италијански премиер Матео Рензи) врши притисок во Универзитетот за да ја смени одлуката. Последно е дека Универзитетот сепак дозволи одржување на предавањата.
Достоевски е уапсен во 1849 затоа што припаѓал на литературна група која дискутирала критички книги за Царска Русија. Тој е осуден на смрт, но е помилуван во последен момент. Сепак отслужува 4 години во затвор во Сибир заради читањето забранети материјали.