Кралскиот пчелар морал на своите штитенички да им ја соопшти тажната вест

Будалестата ритуалност на британскиот монархизам оди во толку бизарни детали што постои протокол дури и за кралскиот пчелар во случај на смрт на монархот: треба да оди од кошница до кошница, да им ја соопшти тажната вест на пчелите и притоа да им каже да не се секираат.

Човекот кој последниве 15 години се грижи за пчелите во имотите на Бакингемската и Кристалната палата, досега не бил свесен дека информирање на пчелите за смртта на кралицата е дел од неговите работни задачи.

Се работи за древен монархистички протокол базиран на суеверие дека доколку пчелите не бидат на благ начин информирани за смртта на монархот, ќе го напуштат домот, ќе престанат да произведуваат мед или ќе умрат.

79 годишниот пчелар Џон Чепл прецизно утврдениот ритуал го обавил брзо по официјализирањето на веста за смртта на кралицата Елизабета, а тоа изгледа вака:

Оди од кошница до кошница, тропа на секоја од нив и со шепот им вика:

- Господарката е мртва, но не заминувајте. Новиот господар ќе ви биде добар господар.

По ваквиот брифинг, Чепл ги обвил сандаците со црн флор за и пчелите да покажат почит кон заминатиот монарх.

Мал информативен проблем е што кога Чепл им ја ширел веста на кралските пчели, во кошниците имало само околу 20.000 пчели а вкупно ги имаат преку милион, само што повеќето тогаш биле на испаша.

Ама па, ваљда ќе им кажат овие....

 

11 септември 2022 - 09:52