Сопственици на Тесла прекинале штрајк со глад заради глад

20 сопственици на автомобили Тесла од Норвешка започнаа штрајк со глад заради дефекти во нивните коли и незадоволство како тие проблеми им се решаваат. Гладот победи веќе првиот ден. А Илон Маск поштено ги затрола.

Решителната норвешка група започнале со нивниот штрајк со глад непосредно пред во Осло, на една енергетска конференција, да стигне Илон Маск.

Потегот го објасниле како изнуден и очајнички обид да свртат внимание кон нерешавање на нивните проблеми со своите електрични автомобили. Дел од нив велат дека наишле на слаба корисничка поддршка, други пак тврдат дека никој им се нема јавено како што им било ветено откако пријавиле дефект. 

А дефектите различни, бојата била слаба, греењето не греело, нешто почнало да рѓосува, рачките од вратите им се смрзнувале на ладно...

16 од 20-те протестирачи се откажале во првите 24 часа, одлука за која покрај гладот најверојатно придонела и реакцијата на Илон Маск кој не се произнесе директно по нивниот случај но затоа го твитна ова:

„По совет на еден пријател, јас периодично постам и се чувствувам поздраво.“

Норвешка има 5,4 милиони жители и најголем европски процент на електрични возила, меѓу кои Тесла е убедливо на првото место.

 

5 септември 2022 - 13:19