Критиката за Ноа започнува со споредба на неговиот сегмент за Берни Сандерс, од пред некоја недела кога бушавиот конгресмен е еден од главните кандидати меѓу Демократите, и сегментот што Стујарт го прави минатиот мај, кога Сандерс е анонимус чудак меѓу кандидатите на Демократите. Оценката на Вила Паскин од Слејт е дека Ноа е "потемкинов Џон Стујарт."
Разговарајќи со новинарите околу дебатата "дали им премногу телевизија", ставот на директорот за содржина на Нетфликс е - и да има, другите ќе треба да се забават, бидејќи тие не планираат.
Официјалниот канал на Маша и Медо е еден од најпосетуваните на Јутјуб, а летово серијата имаше премиера и на Нетфликс. Следно што планираат продуцентите е продавање лиценци на сè од јогурт до играчки.
Во општата рецензија на 2015-та во која ФБ анализира за што најмногу дискутирале нивните корисници, посебна ставка имаат и телевизиските серии. Нивниот распоред на листата излгеда вака:
Ако Саут Парк беше човек, тој ќе беше доволно возрасен за да гласа, иако веројатно немаше да го стори тоа. Овој бесрамен цртан е централата за анти-активистичката сатира и богохулење уште од 1997-ма, пишува Џејмс Пониевозик во текстот за Њујорк Тајмс.
Стравот од светот во кој можеш да гледаш ТВ програма по избор и без никакви реклами, натера некои од најголемите телевизиски мрежи во САД да се одлучат на најрадикалниот потег во своето постоење - да го намалат бројот на реклами што го пуштаат.
По неколку месечна пауза и борење со кечери, Џон Стујарт повторно се враќа на работа, ама овој пат во матичната куќа на Бил Маер и Џон Оливер. Почетниот договор е потпишан на 4 години.
За неполн месец Колбер успеа комплетно да помести години и години традиција на лејт-најт гости канејќи луѓе за кои ти е природно да очекуваш да ги видиш во сериозниот дел од вестите, наместо само ликови од А-листата на Холивуд. Човекот зад оваа промена е жена, извршната продуцентка Емили Лазар.
Серијата е базирана на сите достапни материјали за Пабло Ескобари сведштвовата на главниот агент кој раководи со истрагата. Конкретните настани не се толку спорни колку што се проткајуваат некои погрешни концепти. Без разлика на она што ќе го прочитате, серијата останува задолжителна за гледање.
Кога тројката потпиша за Амазон, официјалната информација беше дека договорот бил "многу, многу, многу скап." Ова го потврдува директор на Нетфликс, кој преговараше, ама не потпиша со водителите на Топ Гиар.
По 16 години дремење пред камери, на 6-ти август беше последното појавување на Џон Стујарт како водител на Дејли шоу. Истата вечер, МСНБЦ објави документарец за него.
По зборовите на основачот на Амазон, Џеф Безос, новото шоу на поранешните водители на Топ Гиар ќе биде "многу, многу, многу скапо". А Безос не е човек кој лесно се плаши од пари.
На крајот од јуни пренесовме дека досега стандардната постава водители на Топ Гиар потпишале договор за ново тв шоу, само не се знаеше за кого (се шпекулираше дека е Нетфликс). Сега се знае, не е Нетфликс, Амазон е. Она што исто така се знае е и дека ќе го нема Стиг. Она што не се знае е како ќе се вика новото шоу.
Како непотребната фрустрација на Бен Афлек околу некои негови предци го поткопа и јавниот имиџ на актерот, но и угледот на еден сериозен интелектуалец и една професионална тв куќа.
БиБиСи најави дека ќе го брка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд најавија дека ако ова се случи тие си одат од Топ Гиар. БиБиСи го избрка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд го напуштија шоуто. БиБиСи сега сака да ги врати двајцата и тоа под услов да им даде многу пари.
Кевин Спејси има изјавено дека кога Нетфликс му пристапил за улога во „Куќа на картите" тие не му се лигавеле колку добар актер е тој, туку едноставно го информирале дека „според нивната анализа, публиката би ја гледала оваа серија". Таму каде што завршуваат компјутерските анализи, почнува да работи антрополог.
20-ти мај е последното издание Летерман како водител на "Лејт Шоу," франшиза што ја основа и ја води на СиБиЕс од 1993-та. Кариерата на Летерман почнува уште во 1982-ра, и тоа на ЕнБиСи во терминот после Џими Карсон.
Неделава 10 доктори потпишаа писмо во кое бараат оставка на др. Оз од позицијата кардиоторакален хирург на Универзитетот Колумбија, затоа што Оз промовирал производи и тврдел работи кои не се поддржани со медицински докази. Сега ова мислење го делат уште најмалку 1.000 доктори.
Минатата недела Викиликс ги објави сите мејлови што беа украдени кога беше хакнат Сони Пикчрс. Сони е еден од главните продуценти на шоуто на Оз. Од таму, во купот има и некои мејлови од др. Оз.
По негови збори, заминувањето го чувствува нешто како прекинување на долгогодишна врска - добро му е во шоуто, ама повеќе не го добива истото задоволство како некогаш.
Истите луѓе што го снима ненадминатиот серијал документарци Планета Земја, со Нетфликс договорија снимање на нова сезона од 8 епизоди. Двојката ќе се вика - Нашата планета.
Во понеделникот рано наутро околу 3 часот ХБО имаше закажано светска премиера на 5-та сезона од Игра на тронови. Речиси еден ден порано на торент од никаде се појави првата, уште не емитувана, епизода од 5-та сезона, а по неа и следните три епизоди.
Пред почетокот на 5-та сезона владејачката елита се соочува со исцрпување на сопственото богатство, плус има напади на нивниот цивилизациски поредок од надворешни фанатици, а внатре масите се пред отворен револт.