Хедли Фримен од Гардијан разговара со Стујарт во октомври минатата година пред премиерата на неговиот филм Роузвотер, а потоа уште еднаш кратко откако објавува дека ќе си заминува од шоуто.
На втората средба, на прашањето за пензионирање Стујарт одговара:
"Искрено ова беше комбинација од ограничувања во мојот мозок и формат кој е усмерен кон следење на се повеќе излишниот процес, каков што е нашиот политички процес. Само размислував 'дали има друг начин да се одере мачкава?' А освен тоа, убаво е да си дома кога моите мали виленици ќе се приберат од училиште."
Во основа тој објаснува дека не постоел еден момент, една точка во времето по која му дошло да се пензионира, и го дава примерот со долгогодишната врска.
Во 16-те години како водител едно од најголемите разочарувања на Џон Стујарт е благото интервју со Доналд Рамсфелд од 2011-та, во кое не успева да го скалпира поранешниот секретар за одбрана.
"Тој се впушти во општ неразбирлив жаргон. 'Мххх, мх, знаеш мора да се сетиш дека беше 11-ти септември мх..' Требаше повеќе да го притиснам, ама тој е многу подготвен за дефлектирање на разговорот...
... Тоа интервју со Рамсфелд беше срање, ама сепак е само интервју. Тој е оној што треба да живее со реперкусиите на она што навистина го направи, па нема ништо што може да се случи на моето шоу што носи исто ниво на тага," објаснува Стујарт.
Во текот на кариерата Стујарт е крајно брутален со левичарските медиуми. Најголемата забелешка за СиЕнЕн е за тоа што не се трудат доволно и премногу се приврзани за безначајни компјутерски графики. МСНБЦ за Стујарт е подобра од Фокс Њуз "затоа што не го прифатиле извртувањето на фактите и игнорантноста како особина. Ама и двете се изградени (за настан како) 11-ти септември. Во недостаток на таков катастрофален настан тие земаат ништо, го зголемуваат и го претвораат во лудило."
"Гледајќи ги овие канали по цел ден (Фокс Њуз) е неверојатно депресивно. Живеам во постојана состојба на депресија. Сите нас не' сметам рудари на гомна. Го ставам шлемот, и одам во рудникот за гомна, надевајќи се дека нема да заболам од гомна на бели дробови," го опишува Стујарт својот работен ден, објаснувајќи дека сега кога е во пензија пак би гледал Фокс Њуз "кога би била нуклеарна зима, јас талкам наоколу, и некаде во далечината низ радиоактивен облак има светлина што трепка и сметам дека таа светлина може да биде извор на храна која би го спасила моето семејство. Одам натаму фрлам поглед на кратко додека не сфатам дека тоа е Фокс Њуз и да го изгасам. Е тоа се околностите."