Во времето кога доаѓа на телевизија него го сметаат за наследник на Карсон, нешто кое никогаш не се оствари заради појавувањето на Џеј Лено. Во времето кога си оди, тој работи во многу поразлична околина, опколен со двајцата Џимија (Фалон и Кимел) и нивната, за сега, неисцрпна енергија и владеење со новите медиуми.
- Откако објави дека се повлекуваш, консензусот е дека ти си многу порелаксиран, а шоуто е послободно. Дали и ти така го гледаш?
Не би можел да ја направам таа опсервација, ама така се чувствувам. Тоа е затоа што мислам дека има разлика меѓу хокеј од регуларна сезона и хокеј во плејоф. А јас не сум во плејоф. Да, забележав разлика. Кога ги гледав пробните емисии што ги правеа за "Лејт Лејт Шоу" со Џон Мајер, си помислив "Аххх, сега ми е јасно што е проблемот." Затоа што тој е млад, згоден е, спастрен, духовит. И беше комфорен. И тогаш сфатив, нема за што да се секирам. Знам дека не можам да го правам тоа што го прави Џими Фалон. Знам дека не можам да го правам тоа што го прави Џими Кимел. И затоа не остана ништо за што да се грижам. Се е готово тато, ќе бидеш добар. Одиш на ново место. Ќе бидат многу добри со тебе тато. Ќе најдеш многу пријатели (ги пренесува Летерман зборовите на син му).
Летерман не чувствува дека ја изгубил работата заради Фалон и Кимел, туку едноставно затоа што е 68 години, "да бев 38 веројатно уште ќе сакав да снимам. Кога Џеј беше во програма, се чувствував како јас и Џеј да сме современици. Секој пат кога тој ќе имаше шоу во 23:30, тој знаеше како да се повлече. И си мислев - ова уште е изводливо - постар човек во одело. И тогаш тој си замина, а јас останав опколен од Џимија."
Интернетот ја доживува како една од работите што успеала да му се шмугне, и нешто на кое тој не успева со време да му ја препознае вистинската вредност.
Моментално помирен е дека СиБиЕс без никаква консултација со него го избира Стивен Колбер за наследник, ама во прво време тоа му пречи.
- Дали имаше некаква вмешаност во изборот на Колбер за твој наследник?
Не. Моето шоу не. Кога се одјавивме, нашиот бизнис со СиБиЕс заврши. Секогаш мислев дека Џон Стујарт ќе биде добар избор. А после него и Стивен. И потоа помислив, ок, ова може ќе биде добра шанса за да се стави црн водител, и дека ќе биде добра шанса да се стави жена. Бидејќи има многу смешни жени кои имаат свои телевизиски шоуа. Па и тоа ми имаше смисла.
- Ама ти не беше консултиран?
[одмавнува со глава] Мм-ммммм.- Дали тоа ти пречеше?
Веројатно. Чисто од куртоазија, можеби некој требаше да каже: "Знаеш, се размислуваме околу некои имиња. Што мислиш ти?" Ама сега не ми пречи. Во тоа време, јас ја донесов одлуката (да си одам) и си мислев, ОК, ова се случува кога ќе донесеш таква одлука.
Летерман отворено признава дека Лено "победил" и ја освоил публиката. Во првите години од ривалството тие успеваат да се држат, меѓутоа во еден момент ја губат конкурентноста и по ова никогаш не успеваат да се вратат.
- Последниот "Лејт Шоу" се емитува во среда. Што ќе правиш во четврток наутро?
Ќе бидам комплетно во рацете на моето семејство. Ќе одам, во текот на месецот, на Индијанаполис 500. И после тоа, за прв пат откако е Хари жив, нашиот летен распоред нема да биде диктиран од мене. Комплетно ќе биде диктиран од тоа што син ми сака да го прави. И мислам дека тоа е одлично. Откако ќе добиеш добар, цврст удар во глава, стануваш малку климав. Мислам дека во оваа состојба ќе биде добро другите луѓе да ги носат моите одлуки. Така ја опишувам пензијата. Како добар и солиден удар во глава.