Во преписката нема имплицитни договарања за промоција на некоја магична нова состојка која ќе ве ослабе, подмлади, разубави и ќе ве направи попаметен додека во исто време ви го отплаќа кредитот, туку се работи за промоција на линија уреди на Сони.
Според мејловите Др. Оз планира и нуди да го користи своето шоу како платформа за промоција на уредите за фитнес на својот продуцент Сони. Критиката спрема Оз е што во кореспонденцијата тој воопшто не го зема предвид здравјето на пациентите, туку заинтересиран е само за што е можно поголема соработка и интеграција на Сони и нивните производи во шоуто.
Мејловите покажуваат дека и во други ситуации Оз освен за здравјето на гледачите, често пати предвид го има и "финансиското здравје на еден од продуцентите на шоуто."
Сони биле загрижени и во врска со сослушувањето на Оз пред комитетот на Сенатот, дека тоа би ја загрозило идната соработка меѓу двете страни. Во мејловите од Викиликс се гледа и дека ПиАр тимот на Оз е загрижен од лошиот публицитет и опасноста тој да биде перципиран како шарлатан.
"Сметам дека не треба на медиумите кои го гледаат Оз како продавач на змиско масло да им даваме дополнителна сила за да ја дополнат оваа перцепција," пишува во својот меил шефот на маркетинг на Сони Пикчрс, Шератон Калоуриа.