Нејзината логика е следна: "Голем број од ЦЕО-та кои сакаме да ги донесеме во шоуто го менуваат светот, и тоа со голема брзина. Нашата публика е заинтересирана да знае за луѓето кои ја впрегнуваат технологијата со цел да го преуредат начинот на кој живееме."
Од премиерата на Колбер на почетокот од септември, гости во шоуто беа: Тим Кук ЦЕО-то на Епл, Елон Маск ЦЕО-то на Тесла и СпејсИкс, и Травис Каланик ЦЕО-то на Убер.
Лазар објаснува дека она што ја интересира кога размислува околу канење на некој гостин е дали тој е врвот во полето во кое работи и дали поседува "автентичност".
"Ако имаш идеи, или ако имаш интереси, или ако имаш маса на знаење која е оригинална, на која и го имаш посветено својот живот, тогаш ние сме бескрајно заинтересирани за тоа. Бидејќи на крајот од денот, Стивен мора да зборува со човек, а тој човек мора на убедлив начин да ги претстави своите идеи и своите верувања и својата мотивација. Ние бараме автентичност како и сите други," објаснува продуцентката.
Емили Лазар го објаснува изборот на гости:
Секретарот за енергија, др. Ернест Мониз
- Тој може не е многу познато име, ама договорот со Иран може да биде најважниот преговарачки успех во нашиот живот.
Судијата на Врховниот суд, Стивен Брејер
- Не многу луѓе можат да добијат судија на Врховен суд да гостува на ток-шоу. Има 9 луѓе кои го толкуваат нашиот устав, и во основа валидираат што е закон за 350 милиони луѓе - јас сакам да чујам што има да каже еден од овие деветмина.
ЦЕО-то на Епл, Тим Кук
- Колку стотици милиони луѓе користат Епл производи? Ова е нешто што е дел од сечиј живот и добро е да се знае кој е главен таму. Можеме да ги отвориме завесите на некој што во основа ја креира нашата технолошка иднина.
ЦЕО-то на Убер, Травис Каланик
- Тој е интересна личност за нас затоа што ја менува равенката меѓу работниците и работодавците и кои се очекувањата за луѓето кои одат на работа и кои можат да работат.