Ри Чун-Хи, најпопуларната жена во Северна Кореја

Жената има плачено, се има смеено и има викано на Корејската централна телевизија, каде веќе четириесет години е водителка на вестите. Во овие 4 децении најголема дилема е колку години има жената. Се претпоставува дека е некаде околу 70.

Она што се знае за неа е дека сака розово и дека сака да се облекува во традиционална корејска облека. Истата комбинација ја носеше неодамна кога објавуваше дека успешно е тестирана хидрогенска бомба. Сепак кога беше избрана да ја објави смртта на Јонг-Ил, и татко му пред него, Чун-Хи розовата ја менува со црна боја.

Таа е изборот на Јонг-Ун за читање на најважните вести, исто како што беше избор на татко му и на дедо му. Неодамна објави и дека Северна Кореја успешно лансирала сателит во орбитата на Земјата, на истата ракета што остатокот од светот ја сметаше за уште еден воен тест на Северот.

Карактеристично за нејзиниот водителски стил е што сред долгите монолози може да премине од викање на плачење, а регуларното читање вести и е авторитарно и строго.

Чун-хи е најславната жена во земјата, и има таков статус и живот во земјата. По 40 години слава, неодамна во разговор за еден документарец, таа изјавува дека веќе сака да се повлече, и да застане зад камера за да обучува нови водителки.

9 февруари 2016 - 13:27